Сепак, голем дел од реториката што го опкружува „порното за жени” доаѓа од некои погрешни претпоставки и генерализации за типот на порно во кое жените учествуваат и типот на жени кои гледаат порно.
„Терминот ‘порно за жени’ е проблематичен, затоа што голем дел од порно-содржините се наменети за една цис-машка публика, а како дел од обичните конзументи на порно, жените треба да можат да бираат филмови од сите жанрови,” вели изведувачката Кортни Трабл. „На еден начин, креирање на ваков жанр, дозволува појава на жанр ‘само за мажи’. Ова нè носи до или/или дихотомија што не е ни блиску до рушење на тие основни проблеми што ја креираат разликата на пазарот.”
Тоа дека жени гледаат порно не е ништо ново. Во раните 1980-ти, режисерката и продуцентка Кандида Ројал се истакна како икона во индустријата заради нејзината работа на филмови за возрасни од женска перспектива. Лезбејската продукција Фатал Медиа, со првото женско (и од жени раководено) списание за лезбејско порно исто така се појавува како иновација во тоа време. Овие пионерски компании за цел си дадоа да креираат порно што се врти околу женското физичко задоволство - со исклучување на френетичното набивање, мрсните тела и театралности кои го дефинираа мејнстрим порното со години. Беа и дел од едно политичко движење за порно што ја ослободи женската сексуална експресија од машкиот поглед.
„Ако се потсетиме на појавата на порно за жени, или лезбејско порно или феминистичко порно, тоа беше еден вид повик за напад,” вели Лин Комела, автор на Vibrator Nation: How Feminist Sex-Toy Stores Changed the Business of Pleasure. „Беше желба за културна интервенција на пазар на слики и дискурси врзани со секс и сексуалност кој главно беше наменет за мажи.”
„Поуспешно би било да креираме жанрови кои се транспарентни околу тоа кои сцени претставуваат машка доминација, или други фактори кои можат да се покажат како непожелни за една публика што бара нешто ‘фокусирано на жени’,” додава Трабл. „Овие зборови ништо не значат, па само да можеш да ги прочиташ во опис на она што се случува во клипот - опис креиран од продуцентите или кураторите и точно ги претставува изведувачите и изведбата - тоа е моќно. Така луѓе од сите полови можат да донесат информирана одлука за она што сакаат да го видат.”