Како изгледа кога ќе се начекаш себеси во лажно порно?

Во обичен работен ден пред некој месец, 28-годишна девојка што Хафингтон Пост од очигледни причини ќе ја нарече Кејт, успаничено ја вика колега за да ѝ покаже видео. На видеото Кејт се гледа себеси, како лежи гола на кауч, додека маж пенетрира во нејзе.

Поточно, се гледа себеси во порнич. Ѝ се слошува, затоа што и лицето ѝ го има и името во насловот на клипот, а таа е сигурна дека тоа е невозможно. Знае и дека е некаква измама, само ај размислете - дали некој ќе ѝ поверува?

Ова видео, кое инаку сè уште го има онлајн и има десетици илјадници прегледи е т.н. дипфејк - монтирано видео со помош на софтвер со вештачка интелигенција кој може да направи човек да изгледа било како или да каже било што. Дипфејк-алгоритмите користат сет од видеа и слики од одредена личност за да креираат виртуелен модел од нивното лице кој потоа може да се стави врз нешто и да се манипулира. Во случајот на Кејт, нејзиното лице е монтирано на порно-актерка. „Кога е фотошоп, сликата е статична и може да биде очигледно дека не е вистинска,” вели Кејт која и претходно била мета на мизогинистички напади. „Но кога се работи за твоето лице и тоа мрда и реагира, ти се создава една паника дека немаш никаква контрола над тоа како луѓето можат да те искористат.”

Во прво време, дипфејк-порното се користеше само за славни жени, со оглед на тоа што нивното појавување на телевизија и филм овозможува многу лесно да се работи на видео материјалот. Но, сега откако технологијата напредуваше и стана подостапна, обични жени, дури и такви со мала селекција на јавни фотографии и видеа од нив го јадат стапот.

Коренот лежи во мизогинија - дипфејкот се користи како оружје против жените уште од самото појавување. Терминот е креиран во 2017-та од некој анонимен корисник на Редит кој објавил такво видео со Гал Гадот. Денес повеќето порно-сајтови се полни со дипфејк, а Мајндгик (негови се Порнхаб и други еротски сајтови) не одговори на постојаните барања да се воведе забрана за дипфејк што ги добиваше уште пред една година.

Други платформи се обидуваат некако да го регулираат тоа, макар и со повици да се стави дисклејмер, а да се заштити слободното изразување. Владите веќе почнуваат да реагираат, се формираат и закони (на пример DEEPFAKES Accountability Act from Republican Yvette Clarke (D-N.Y.)) но, сега за сега нема никакви посебни резултати од сето тоа.

Aко revenge porn беше една од поужасните и покретенски работи што можат да се направат, сега таквите сељаци имаат конкуренција.

24 јуни 2019 - 15:01