Размислете дали морате да си ги носите децата по изложби

Како родители, должност ви е да процените дали вашето дете е дете што ќе извлече најубаво што може да се извлече од културни настани, па ќе го носите по изложби и промоции, или имате неподносливо дете што можеби треба да почека неколку години, пред вие да го изведувате на прав уметнички пат.

Едно мало дете на уметнички саем во Базел така прекршило едно од главните правила - не ги допирај делата. Според извештај од една швајцарска новинска агенција, тригодишно девојче било во галеријата Метју Маркс и не сакајќи превртело дело на Катрина Фрич - Fliege (Мува) од 2000-та година што чини 56.000 швајцарски франци

Делото баш и не разбираме во моментов што е толку важно, сепак е мува, меѓутоа фактот останува дека се работи за - уметност и за малку немала повеќе да биде во својата првобитна форма. Паднала од пиедесталот, крилата ѝ се скршени, но сепак портпаролот на галеријата вели дека веќе не е оштетена.

За жал, не е прв пат дете да оштети уметничко дело. Едно дете од Канзас има оштетено сет лулашки, мислејќи дека се вистински; две деца скршија стаклена скулптура во Шангај додека двајца возрасни ги снимаа, па едни родители што го охрабруваа нивното дете да се качи на едно дело од Доналд Џад во вредност од 10 милиони долари (зошто бе, не им наплатија?!), па едно дете во Таипеи што несреќно проби слика

Инаку, кога ќе се оштети уметничко дело, си има процедура и осигурување за да не мора тој што оштетува да го сноси трошокот, нели, под претпоставка дека е несреќен случај.

Останува поуката - децата се деца, немаат зли намери, ама немаат ни доволно грациозност за движење меѓу деликатни предмети - затоа што се деца. И на некои од нив не им е местото во близина на скапи уметнички дела.

20 јуни 2019 - 21:45