Првиот пат паничеа, сега се поприбрани. Вакви епизоди има повеќе, само што, оваа е битна затоа што меѓу другото Винтур ја коментира модата како нешто што е далеку од несериозно (како што некои луѓе милуваат да го наречат), туку напротив, кога ќе се стави во историски контекст се добива увид во важноста на оваа општествена појава.
Ана Винтур во друга пригода има кажано дека би забранила облекување скроз во црно, што нас воопшто не ни одговара, а не ни одговара ни нејзиниот концепт на секој ден различен фустан со цветен принт.
Но, она што најмногу изненадува како одговор е нејзиното мислење за апостолки. Мислите дека ќе ги напљука? Размислете пак.
Само доказ дека иако ваквите особи вреди да се чуе што ќе кажат, твоето сепак останува - твое.
Вакви работи, плус мислење за колекцијата на Ријана (со кое се согласуваме), и краток, фин осврт за моменталната инспирација (да си запишеме, затоа што се помалку гледаме ликови што инспирираат).