Што ќе кажете на ова?

Дискутираме мажи во сукњи.

Били Портер е пејач, глумец и моден ентузијаст. И не му е незгодно да носи сукња. Кога се појави на Оскарите со смокинг-фустанот, ни на крај памет не му падна на женскиот свет да се расправа околу тоа кој го носи - фустанот беше закон и главно ни беше потребен во плакар.

На доделувањето на Тони наградите дојде во друга варијанта - повторно на фустан - овој пат инспириран од - матка.

Е сега, сте забележале ли дека на јавни и ексцентрични личности, тоа некако не ни смета? А сигурно нема тоа да биде случај со рандом маж во сукња на улица (не-Шкот). Били Портер има една филозофија што тера на размислување. Вели,

„Кога жените носат панталони, тоа ни е моќно. Ги доживуваме како силни, сите тоа го прифаќаме и асоцира на патријархатот. А кога маж ќе облече фустан, истата секунда е одвратно, значи што сакате да кажете? Дека мажите се силни, а жените се одвратни? Немам намера така да правам веќе… Ако ми се носи фустан, ќе си носам фустан!”

Во исто време, машката шминка е брзорастечка индустрија, рапери носат сукњи, а Џејден Смит имаше твит каде што рече: „Ако сакам да носам фустан, ќе носам фустан и тоа ќе донесе нов бран.” Лондонската модна недела е полна со мажи во родово-флуидна мода до тој степен, што GQ ја нарече 2019-та за „година кога мажите ќе почнат да носат сукњи.”

Според еден колумнист на Гардијан, „Машкоста е лудачка кошула - време е мажите да се ослободат.”

Што ќе кажете на ова?

19 јуни 2019 - 16:53