Наоми има туторијал

После 30 години седење мирно да ја шминкаат, и тоа некои од најдобрите шминкери што се родиле на светов (Кевин Окуан, Пет Мекграт), може да се каже дека Наоми Кемпбел има пофатено како се прават тие работи. И сега ги споделува со светот.

Наоми, која во декември треба да ја добие и наградата Icon од Британскиот моден совет, го објави нејзиниот прв туторијал за убавина откако стана јутјуберка (за тоа се радувавме тука). Едвај над пет минути трае и Наоми ги споделува најјаките техники што ги знае за нанесување шминка, плус омилените производи (сите омилени се магично НАРС, можеби затоа што Наоми е заштитно лице, кој да ја знае?).

Интерсното е што ја прескокнува пудрата и оди директно на коректор, што веројатно ќе се согласите дека е некако врв за лето.

И други некои фини работки има:

28 јуни 2019 - 12:10