Ако веќе имате новогодишни одлуки, нека бидат вакви

Кога се работи за новогодишните одлуки и желби, луѓето или инсистираат на нив, или гласно ги критикуваат. Од една страна, ваквите одлуки креираат структура за луѓе кои имаат намера да се подобрат самите себе; од друга - често не функционираат.

Доста ги замарате луѓето што не сакаат да имаат деца

И баш тоа што сакате да ги прашате - не треба да ги прашате.

Што се учи од експерт за средување плакари

Кај Џес Едвардс, новинарка од Космополитен влегува девојка што заработува од средување. Баш така, средување, не чистење, не помагање, туку decluttering, расчистување од непотребности. И еве што се научува од тоа.

Ај и на ваш Инстаграм профил

Анок Јаи на 19-годишна возраст објавува слика на Инстаграм, дотерана. Следна сцена: договор со модна агенција, следна сцена: насловна на Ел.

Како се тренира за улога

Оние трансформации од обичен во набилдан дечко, од манекенка во супер-хероина, или едноставно - спремање за носење нешто тешко, за улога.

Сè што Вог научи за убавина во 2018-та

Најбитните моменти од сите оние клипови каде што се шминкаат манекенки, актерки и пејачки. И Кајли Џенер.

За тие што уште ја викаат „најлудата ноќ во годината”

Верувале или не, без разлика што не сте ги сретнале и се како еднорози, сè уште постојат луѓе што уредно си слават Нова година, со „10, 9...”, со све.

Убави вести, ама не од кај нас

И милениците од семејства каде што имало насилство ќе бидат заштитени со закон.

Невестата што избрка гости со деца

Блесави невести се драга категорија на Off Café, ама со оваа изгледа ќе мора да се согласиме.

Инвалидската количка од „A Christmas Prince” е проблематична

Принцезата Емили од Нетфликс филмот A Christmas Prince не е обична принцеза - случајно е во количка, ама храбра е, глуми во претстави, се пушта по тобогани и се закача со владини работи на фиктивната земја Алдовија. Како лик е супер, филмот како филм е лимонада, ама доволно забележлив да му се закачат за еден детал.

Во свет, луѓето имаат поинакви проблеми од нашите

Или, што се случуваше во бјути индустријата и од што сè луѓето се вреѓаа.

Кога после 200 прегледани станови ќе го најдеш ова

Архитектката Серен Бингол живее во Челзи веќе шест години. Во еден момент решава да бара нов стан и проаѓа некаде меѓу 150 и 200 станови, за на крај да најде студио од 92 квадрати и 4 метри високи тавани, во зграда во Тудорски стил - и знае дека е тоа - тоа.

Сите се осамени

Годинава излезе едно незгодно истражување што откри дека осаменоста е полоша од 15 цигари дневно и полоша и од гојазност. И дека младите се посклони на депресија од повозрасните граѓани.

Жената што се омажи, па се разведе од дух

Не е фејк-њуз, ни Onion, треба да си талент за ова да го правиш, мртва озбилна.

Кога веќе се расфрламе со имиња на луксузи

Овој пат дури 52 термини (коли, саати и мода) што многу е можно да ги грешите.

Како романтичните комедии си ги заборавија жените

Романтични комедии отсекогаш биле бегство од реалноста, со тие пријатни клишеа, прочистени од скршени срца (добро, кратко имаш скршено срце, па после одма бркање по аеродроми и слично), и во 2018-та се вратија на голема врата иако жанрот се сметаше за мртов после толку многу ужаси со Кетрин Хејгл во главна улога.

Можно е да ве игнорираат затоа што немате брада

Брадата одамна не е само за запуштени, или дедовци или моторџии. Денес е модерна. Само едно не е сменето уште од времето кога сељаците се плашеа од металци: мажите се позгодни со брада.

Купуваат облека за сликање на Инстаграм па ја враќаат

Порано се правеше за важен настан: се купуваше нешто скапо, се криеше етикетата, па се враќаше наредниот ден. Така бар сме виделе на филм. Денес се прави истото, ама за Инстаграм.

#TheRealCatWalk, или од каде треба да учат активистите

Еднаш неделно обавезно мора статија за инклузивност да добие вирален статус. Со оглед на тоа колку е застапена модата секаде на интернет, природно е таа статија да содржи нешто од типот на „ставете дебели внатре”. А инклузивност не значи само „ставање дебели.”

Како изгледа свадба на организатор на венчавки

Таа ги има сите детали за организирање на една свадба во ракав. Дечко ѝ сака мала свадба. Таа сака голема свадба. Прават компромис и завршуваат некаде на 600 гости. И уште неколку ситници. Во Бејрут. Покрај море. И фустанот мора да виси на таван, за да не се изгужва.

Курсот што требаше да се вика „Како НЕ се станува травел блогер”

Аги Лал има патувачки блог и Инстаграм профил, со скоро 900.000 следачи и моментално ја влечат по под онлајн за фушерајскиот курс што го организираше за 497 долари по човек.

Изгледа белци не смеат да носат џемпери со „Wakanda Forever”

Дај нека му текне на некој од Блек Мирор да извади епизода каде што ќе видиме како ќе биде ако победат шовинистите од #MeToo и расистите од белите и небелите раси, ова веќе нема смисла.

Елаборат за едни чизми

Ако најдете чизми што ќе ве натераат да напишете ваква магистерска тема, аман прерачунајте се колку дена ќе треба да јадете крекери и вода и купете ги. Ретко се постигнува вакво чувство.