Модел, режисер, актер, пејач, писател - Ана Карина почина на 14-ти декември на 79 години, а француската министерка за култура пригодно кажа,
„Од денес, француската кинематографија е сираче.”
Ја откриле во еден од најпознатите кафичи во Париз
Иако е симбол на „митот за французинката”, Ана Карина е всушност родена во Данска. Напуштила школо на 14, стопирала од Солбжерг до Париз на 17 и ја забележал кастинг директор во Ле Ду Магот, едно од омилените места на Сартр, Хемингвеј и Пикасо.
Името го сменила по совет на Коко Шанел
Родена е како Хана Карин Бајер. Како млада манекенка во Париз, ја запознала Габриел „Коко” Шанел на сликање за едно списание, која наводно ја советувала да го смени името.
Го одбила Жан-Лук Годар првиот пат кога сакал да ја ангажира
Ја видел во када на реклама за Палмолив и решил да ѝ понуди улога во филмот À bout de souffle („Без здив”). Го одбила затоа што требало соблекување.
Сепак се омажила за него
Му станала партнерка и муза на Годар и се појавила во неколку негови филмови. Добила и Сребрена мечка за најдобра актерка на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин во 1961-ва, кога имала 21 година.
Професионалниот однос им бил чуден
„Секогаш исто - без сценарио, со дијалог во последен момент,” има кажано Карина за улогата во еден од филмовите на нејзиниот сопруг. „Беше секогаш толку едноставно и природно со Годар.
Беше пејачка и писателка
Во доцни ’60-ти, Карина уживала успех и како пејачка, со песни од Серж Геинсбург. Хитовите се Sous le soleil exactement и Roller Girl, ги има и во музичка комедија со нејзе во главната улога. Има напишано и 4 романи.