Конечно, свеќа што има смисла

Знаете како има луѓе што имаат пригодна свеќа за се, што уживаат во различни бои, величини, пригоди, што се „размазуваат себеси со купка и свеќа” и такви работи што реално и не се така лоши, ама ете, те маваат во сарказам? Е па, со свеќава да им се придружиме.

На сите што многу сакаат да си го слушаат гласот по конференциски сали, по канцеларии, што те зивкаат на пет минути до кај нив „да видиш нешто”, што ти ѕвонат вон работно време, а и за сите што  обожаваат да си ги мкнат соработниците на состаноци, без разлика што нивните соработници не работат на иста локација со нив, чисто за да им кажат „прати ми ја презентацијата,” за брзо потоа да речат „Е па, добро, јас морам сега на друг состанок, знаеш ме чекаат”, за сите нив, еве еден пригоден новогодишен поклон:

Вистинскиот мирис?

Бурбон во утринско кафе.

24 декември 2019 - 17:49