Колаче по Кубрик

А вие мислевте дека ве бива за правење благо.

Бихолд! Некоја прекрасна будала не ја мрзело, и се зафатила со еден сериозен аџилак - да не ти попуштат нервите додека го рекреираш целиот Оверлук хотел од „Сјаење” сосе ликови и сè што треба - од смеса за колачи. 

Крвишта, „Here's Johnny”, лавиринтот, близначките, крвта од лифтовите, значи уредно, сè!

Што рековте ќе правите благо за нова година?

Џабе. 

Не е појако од ова.

Инаку, луѓево прават секакви елаборативни креации од благо, само што, толку долго време им треба да ги направат, плус нели, ред е да постојат изложени на толкава мака, што на крај се бајати и ги уништуваат „на некој забавен начин”, како што тврдат.

Ама да се вратиме на колачето со кое Кубрик би се гордеел.

Колку треба да си слаб на благо и колку треба сајли да имаш наместо нерви за да правиш прозорчиња, најверојатно од шеќер, зад кои ќе има цели сопчиња, со тепихчиња и тапетчиња (за да се запази Кубрик-естетика) и со човечиња, уредно дотерани во костими?

Значи, и тапет!

Од другата страна, преку шеќерно прозорче ја имаме Венди, и ако некое колаче ја има онаа класика Венди-фаца од постер, тогаш тоа е ова колаче:

А ако некое колаче на светов може да ја долови кварната фаца на Џек Николсон низ скршена дупка во врата, тогаш тоа е ОВА колаче:

И светленца некакви има внатре:

Лисицата е испринтана на хартија што се јаде.

И култната сцена:

Не ги мрзело да топат шеќер, да го бојат и да го шлакаат за да стигнат до брановите крв.

И на крај, пригодно:

И таа хартија се јаде.

Нарачајте си торта сега.

24 декември 2019 - 14:32