Унгаро напушти, ама „Унгаро” нема смрт

На 86-годишна возраст, минатата недела се одјави Емануел Унгаро, француски моден пионер, обучуван во Баленсијага и основач на истоимената модна куќа во 1965-та.

Бил дете на италијански имигранти кои избегале во Франција од Мусолини. Во Париз се преселил на 22 години и почнал да работи како кројач во модната куќа на Кристобал Баленсијага три години подоцна. Во таа чест дури и му посветил една есенско-зимска колекција во 1986-та.

Ги облекувал Џеки Оназис и Бјанка Џегер (меѓу многуте звучни имиња) и после долга и плодна кариера, се пензионирал на 72, во 2005-та, а брендот го продал на бизнисмен од Силициумска долина, Асим Абдула.

Што сме виделе кај Унгаро?

Иако мирен човек, дизајнира со светли бои и храбри принтови, веројатно затоа што, според една негова изјава, „мрази досадни алишта,” и „мрази кога жената е тажно облечена.”

Минативе две години ги поминал „со слабо здравје”, според Гардијан, а го надживеаја жена му Лора Бернабеј и нивната заедничка ќерка, Косима Унгаро.

Овде има снимка од колекција есен-зима, за '92-'93 и видете како сето ова и денес без проблем проаѓа:

Еве уште постаро, и еднакво релевантно:

Има фантастични ревии на Јутјуб од пред некоја година, веројатно затоа што и Унгаро знаел на кого му продава бренд, ама во негова чест, од поскорешните ќе избереме '98, додека е сè уште таму:

Пролет/Лето:

30 декември 2019 - 00:48