Некои од нас, на пример, со цел памет денес ќе роварат по супермаркети со недосмислено што да готват, од проста причина што не може пржени компири затоа што - ем нема смисла, ем лани „готвевме” тоа за нова година. Торта можно е да имаме затоа што некој постар се потрудил однапред и споделил.
Но! Фала богу за интернет, Јутјуб, и нешто што се вика „Рецепти за купечки благи што може да се направат дома.”
Има онакви „глејзд” крофни, ролат со цимет, пита со јаболка како од Мекдоналдс и сладолед од течен азот (последново не морате, кој прави сладолед со течен азот?!)
Па, ако уште немате идеја и ако ви се готви благо... Бујрум: