Јутјуб-каналот се вика „Подобри идеи”, а насловите на видеата се на пример, „Зошто одложуваме”, или „Како се излегува од рутина”, или „Како да го излажеш мозокот да ужива во тешки задачи”, или, сумирано, се обработуваат теми за соборување на ситните потешкотии што ти ги приредува животот за некако да успееш повеќе да уживаш во него.
Овде, уредно ќе ни ја постелат секојдневната рутина која повеќето луѓе си ја сметаат за досадна. И реални да бидеме - е, особено кога ќе го земеш факторот социјални мрежи предвид: таму гледаме како луѓе спијат по јахти и скапи хотели, како јадат неверојатна храна, како се журкаат до рано сабајле и се сончаат на луксузни одмори... А реалноста е дека всушност гледаме хајлајти од другите животи, затоа што, како што ќе објасни и човеков, и Илон Маск мора да стане, да оди во тоалет, да се нервира во текот на денот, да работи со саати и да прави нешто што не му се прави. Разликата е што кога вие размислувате дали во Грчка или низ Европа на одмор, Маск размислува дали на Марс.
Едноставната вистина е дека, кога ќе отспиеме 8, имаме уште 16 часа сегашност за организирање. И повеќе ни се исплати да ги гледаме позитивните аспекти на ова сознание: