Уште еднаш.
Фрида Кало.
Чупалица.
Знаеме што е чупалица.
Знаеме и што е Фрида Кало, ама еве ја пак:
Значи, имаме ваков еден производ, во кој е собрана цела иронија на модерното време, во производство на Сас и Бел. Прават слатки предмети за по дома за фини цени. Сега за празнициве пуштија цела Фрида Кало-колекција со чинивчиња, чашки, торби за пазарење и привезоци.
И нели, алатка за отстранување телесни влакна со ликот на Фрида.
За да ја доловиме уште малку иронијата, еве страница од дневникот на Фрида.
„Порано мислев дека сум најчудниот човек на светот. Но, потоа си помислив колку многу луѓе има на светот, па мора да има некој што се чувствува бизарен и полн со маани на истиот начин како мене. Ја замислувам, и мислам како и таа мисли на мене. Па, се надевам дека си некаде и го читаш ова и знаеш дека да, вистина е, јас сум тука и чудна сум како тебе.”
Ги прашале Сас и Бел што ќе кажат на темава, ама се разбира, уште не одговориле.
А слатко е бе, си ебало мајката.
Еве ги и другите производи тука, просто, да посакаш сè да си нарачаш. Па и чупалицата, што има везе.