8 начини да си ја уништиш врската

Сега е лесно!

Девојката што стои зад она вирално видео, каде што се шминка со сè позитивно на светов (ја има тука, и фино е да се види, како за инспирација пред нова година), сега, преку визуелно списоче за 8-те начини на кои може да се уништи врска нè учи - како не треба.

Вреди да се чуе, затоа што токму таа е одговорна за оној сосема легитимен муабет околу секс на прв дејт, па за неправдата наречена „продадена душа”, а скоро и на слична тема - 7 начини да уништиш разговор

Овој пат, предупредувањата се премногу сликовити за да не ви текне дека 100% барем еден од гревовите сте направиле, а ако баш сте Мајка Тереза, тогаш вам ви ги направиле.

Уредно можеш да упропастиш врска ако си го земаш партнерот здраво за готово и воопшто не го цениш, долгорочно можеш да се заебеш ако секојдневно го казнуваш, одлична работа ќе завршиш ако едноставно - престанеш да слушаш. Најверојатно ќе избега ако не покажуваш емоции, секогаш можеш да се потпреш на лажење и мамење, а ако додадеш и комплетна зависност од неговото постоење имаш победничка комбинација за пропаст. Ти фали уште расправање со единствена цел - да победиш, а не да решиш нешто, плус тотална оперираност од сочувство и „извини”.

Ако правиш вака - ако ти е кога ќе ти избегаат.

Ако некој ти прави вака - што чекаме?

Во детали, тука:

22 декември 2019 - 21:49