Иако кога ќе кажеме дека некој „не знае да праи муабет”, интуитивно мислиме на луѓе што не слушаат или гледаат своето да си го кажат, често на сосема поинаква тема од твојата, не е баш така. Поточно, понекогаш убиваме било каква конверзација правејќи работи што баш сме уверени дека се од помош.
Кога ќе ги чуете, може и да добиете наплив на негодување и прашања од типот „Па, што друго да кажам?”, ама некои луѓе се фатиле за работа, па објасниле баш како изгледа, а и посочиле „што друго да се каже.”
Ана Акана е инспирирана (или ја спонзорира, сеедно) книгата „Како да зборувате за децата да слушаат и да слушате за децата да зборуваат”, од Адел Фејбер и Илејн Мазлиш, каде што пишува кои се 7-те начини на кои уништувате разговор:
1. Не ги прифаќате туѓите чувства (- Леле колку е жешко! - Не бе, баш е ладно.)
2. Филозофски одговори (- Ми раскина! - Може те чува универзумот од лоша врска.)
3. Прашања (- Ме отпуштија од работа. - А сигурно не згреши нешто?)
4. Одбрана на некој друг (- Ми се дереше шефот на работа. -Од кај знаеш, може имал лош ден.)
5. Сожалување
6. Аматерска психоанализа
7. Советување
Ако веќе се изнервиравте и се прашувате „Е, како бе иначе се разговара?” - еве го одговорот: со емпатија.
Многу е едноставно. Главното почнува од 1:40.