Едно од последните интервјуа на Карл Лагерфелд

2018-та, Карл ја покажува пред-есенската колекција во Хамбург.

Во светот на инфлуенсерските романси

Тана Монжо и Џејк Пол, Јутјуб-парот толку јавен и бесен што изгледа сцениран, ве канат на: „нешо шо секако го правиме од забава и задоволство”, што е „еден од најважните денови во нашата кариера” и е почеток на „72-дневен Кардашијан брак.” Тоа е покана за свадба. И чини 50 долари да се гледа во живо.

Среќен прв школски ден

Кај нас, трилерот беше во тоа дали денес ќе има часови или не, дали штрајкот ќе биде само предупредувачки или сепак ќе донесе некаков резултат. Кај овие три семејства, трилерот има слоган - „Добро, што праевте у школо?”

Денес дознаваме чија е раката на постерот на „Американска убавина”

Убаво ви текнува на постерот. Само не ви текнува дека тоа не е Мина Сувари.

Сакате да се кладиме дека шоуто на Ријана ќе биде појако од Викторијас Сикрет?

The Savage X Fenty Show ќе го има на Амазон Прајм. Ние не гледаме Амазон Прајм тука, ама многу добро знаете кај ќе го најдете откако ќе се појави таму.

Живееш зад решетки ама не си во затвор - едноставно си во Хонг Конг

Пазарот на недвижности во Хонг Конг е ужасно скап - има врска со просечната плата и колку МНОГУ пати еден просечен дом е поскап од таа сума. Нешто како кај нас, со тоа што кај нас уште нема толку гужва и уште сме фамилијарни, па не сме принудени да живеевме во - кафези.

Ако жена не направи да ти заличи светот, кој?

Сме чуле за Галилео (телескоп), Карл Бенз (коли), Александар Греам Бел (телефон) и Бенџамин Френклин (бифокални очила), ама знаеме ли кои се Грејс Хопер и Марија Телкес, на пример? Сега ќе дознаеме.

Социјалните мрежи не се толку Баба Рога за тинејџери

Многу истражувања ги поврзуваат социјалните мрежи и незгодните ефекти на менталното здравје на тинејџерите, ама има ново: минатата недела, едно истражување покажа дека не е баш така.

Колку се точни костимите во „Брилијантин”?

Има нешто што се вика модна историја, една гранка во историјата што кога ние локално ќе дојдеме на ред да ја изучуваме и да правиме кариера од нејзе, ќе значи дека далеку сме догурале.

Постојат 7 начини да уништиш разговор

И веројатно сите сте ги пробале.

Жените подобро спијат со кучиња, отколку со луѓе

Да. Кутрето што го бркате да спие на тепих или (пу, пу!) надвор од спална всушност треба да спие до вас, ако сакате подобар сон.

Пиво, прслуци и феминизам во 2019-та

Сцена: Атрактивна млада жена доаѓа дома од работа, зема пиво од фрижидер, и го вади градникот. Сцената е од нова реклама за пиво. Што би требало да се случи следно?

Шминка за на плажа

Овде имаме поделени мислења. Дали ич, дали едвај нешто ситно, пресметано врз основа на тоа дали ќе штети на кожата или ќе ја штити, и фул-малтер, со прав за фиксирање, со траен кармин, со проблеми, со све.

Што значи да си родител во Дизниленд

„Мики-уши со светки за 45 евра? Сакаш тоа, или сакаш да студираш?”

Гоја и Веласкез како инспирација за Баленсијага

Во 20-ти век, Кристобал Баленсијага владееше со високата мода со иновативни парчиња инспирирани од невообичаени шпански извори. Инспирација собирал од локалниот начин на облекување, народни костими, борби со бикови, фламенко, католицизам и, како шлаг, сликарска историја. Еднаш има кажано дека „добар моден дизајнер мора да биде архитект за шеми, скулптор за форми, сликар за дизајнот, музичар за хармонијата и филозоф за мерките.”

После девојкава, ниедна фризура нема да ви изгледа екстремно

Замисли се шеташ по улица, а на глава имаш животно направено од коса. Коса во форма на животно. Како оние долгнавести балони што ги виткаат во  пудлици, ама девојкава се служи со коса. Сопствената и тоа.

Жената што ќе го спасува светот од поплави

Измислила паркови кои собираат и штедат вода, и ваков има во Бангкок. 

Инстаграм им го менува ставот за среќа на Генерација Z

Кога си ги средуваме животите за на Инстаграм, има една емоција за која што работиме обично: среќа. Но, среќата што „ја изведуваме” не може да е поконтра од вистината.

Како Жилет ги прелажа жените дека мораат да се бричат

Почнало како маркетиншка финта, завршува како општествен проблем.

Анатомија на „Да останеме другари”

На Универзитетот во Канзас, Ребека Грифит ги претставува резултатите од нејзиното истражување за пријателства после раскинување, и потоа ги прашува своите колеги дали имаат некое прашање. Имаат, ама не околу текот и деталите за истражувањето. Главното прашање што се поставува е „Треба ли останам пријател/ка со поранешниот партнер?

Природата како инспирација за коса

Природата е нешто што не ни е доволно често тема на муабет, а треба да ни биде, нонстоп. Урсула Гоф, фризерка од Канзас, успева и на работа да си ја донесе.