Серџо Роси почина од компликации со коронавирус

Ретко се раѓа таков мајстор, со такво префинето чувство за женска чизма. И сега едноставно го нема.

Ако на филмови, знак дека сѐ отишло у бестрага е кога ќе се види како главата на кипот на слободата самостојно гњури во вода висока до пола облакодер, или дека паѓа Ајфеловата кула, тогаш Италија реално ја живее својата катаклизма - ѝ гинат дизајнери, составен дел од целата уметност што од таму потекнува и гордост со која оправдано се фали пред светот.

„Денес, сите во Серџо Роси заедно со мене се сеќаваат на нашиот драг Серџо, инспиративниот основач на нашиот сон. Серџо Роси беше мајстор и огромна чест ми е што го запознав. Неговата визија и пристап ќе ни останат како водич при растењето на брендот и работата. Ги сакаше жените и знаеше да ја претстави нивната женственост на уникатен начин, создавајќи совршено продолжување на женската нога преку неговите чевли. Нашата долга и славна историја почна од неговата неверојатна визија и ќе ја паметиме неговата креативност засекогаш,“ пишува на официјалниот Инстаграм главниот директор Рикардо Шиуто.

Серџо Роси лично, пред само еден месец, донираше 100.000 евра за една миланска болница, за да помогне во борбата против коронавирусот.

Уметноста на изработка ја научил од татко му, а почнал неговите дизајни да ги продава во продавници во Болоња во 1966, пред да го започне брендот во 1968.

Еве на пример, негова е оваа мајсторија:

Барем знаеме дека добри кондури ќе има и на другата страна.

3 април 2020 - 17:23