Керинг, компанијата што го држи Гучи, ќе произведе милиони медицински маски во Франција, а сега се објавува и дека самите Гучи ќе донираат 2 милиони евра за помош при борбата со коронавирусот.
Милион за Одделот за граѓанска заштита во Италија и во соработка со Интеса Санпаоло, и милион за Фондот за солидарност за КОВИД-19 на Обединетите нации, во поддршка на Светската здравствена организација.
Ја канат нивната заедница да помогне во собирањето средства во ова несигурно време и ќе работат заедно со СЗО - СЗО ќе ги преземе нивните дигитални канали денес (27-ми март), а ќе има прилика да промовира пораки за заштита на јавното здравје пред 70 милиони души.
„Оваа пандемија нѐ повикува на една неочекувана задача, но тоа е повик на кој одлучно одговараме, во име на несебичната работа што ја вршат нашите здравствени работници, лекари и болничари кои се на прва линија на отпорот во секојдневната борба против пандемијата на КОВИД-19,“ пишува Алесандро Микеле во писмо на кое е потпишан и претседателот и извршен директор Марко Бизари. „Со поддржување меѓу себе и помагање на најранливите меѓу нас, ќе можеме да ја надминеме кризата.
Она совршенство од ташна
И еден ентериер - тука.
Па, каталогот од режисерот на „Јастог“ (ептен им текнуе!) Бељата со менталното здравје на ревија
И гадните патики Попот што го избрука Она со Лана Дел Реј Сандалите за во Дојранско езеро (само што сега би ви биле џабе) Торбата за мраз што чини колку 950 кеси мраз...