
Пардон, да не заборавиме дека сандалата што ни ја облекуваа ко деца за да не ни сметаат камчињата во езеро, во овој случај е Гучи, па затоа и цената.
Ама дали тоа одзема макар мал процент од нејзината гуменост и социјализам?
Не, ич.

Еве како ќе изгледаат кога ќе погледнете надоле:

Еве ги и од позади, во случај да помисливте дека „а бе вака на нога може јако ќе изгледаат.

И се разбира, ако уште не сте убедени дека се работи за обична, гумена сандала, тогаш еве:

Има и црни.
Сè ова многу би ви одговарало со Шанел бумерангот, спајалицата на Прада и Икеа-кесата од Баленсијага.