Спектарот е широк, предрасудите огромни, а луѓето - бескрајно самоуверени во своето познавање на работите.
Имаме уште многу за учење, особено ние, локално вака, затоа што секогаш имаме некоја тенденција само површински да ги проучиме работите. Кога ќе се спомне аутизам, помислуваме на асоцијалност, неспособност за справување со социјални или секојдневни ситуации и слични други работи што сме ги научиле само така - од страна гледајќи, без да се заинтересираме за сите слоеви на проблематиката.
Пејџ Лајл е аутистична. Екстровертна е, сака да разговара со луѓе, очигледно нема проблем пред камера - а паралелно се истоштува со „маскирање“ на вродените карактеристики и се бори со уште седум ментални нарушувања.
Учиме: