И Шанел почна да прави маски

Работилниците ги пренаменија - од висока мода, се префрлаат на заштитни маски. Има нешто трогателно во ова солидаризирање при вакво грдо време.

Спојлер: Не е како на сликата.

Од Шанел вчера изјавија дека почнуваат со производство на маски за да помогнат во залихите на Франција, додека коронавирусот брише по целата земја.

Се работело на прототипи и сега се чека на зелено светло од француските власти.

„Денес ја мобилизираме нашата работна сила и нашите партнери… за производство на заштитни маски и блузи,“ пишува во изјавата на Шанел.

Во саботата, францускиот министер за здравство Оливие Веран рече дека владата нарачала повеќе од милијарда маски, главно од Кина, што треба да стигнат во претстојните недели и месеци. Користат 40 милиони маски неделно, а докторите, вработените во домови за стари лица и полицијата веќе се жалат дека им снемува.

Шанел нема да ги остави 4500-те вработени без работа ни привремено, без разлика на заканата од рушење на економијата.

Претходно Керинг, компанијата што го поседува Гучи се фати за работа со производство на маски.

30 март 2020 - 00:16