Корона стајл типс со претседателката на Словачка

Да, сто пати се спомна „мода во време на корона“, ама ниеднаш досега не одговараше како тука.

Светот се бори со коронавирус, а луѓето гледаат ако може да работат од дома, каде што униформа, или дрес-код им е пижама.

Ама што ако си претседател на држава?

Поточно, што ако си претседателКА на држава?

На церемонија за заклетва на коалиција на четири партии во Братислава, се појави во аутфит координиран од глава до пети - сосе маска.

Фустанот ѝ беше некоја нијанса меѓу виолетова и црвена, штиклите исто и маската - совршено исто. Особено отскокнуваше, затоа што остатокот од присутните имаа стандардни, медицински маски што секако не им одговараа со оделата.

Би рекле демоде, ама нема смисла.

Малку така, збунува ама и… браво?

Бар така реагираат на социјални мрежи (над 150.000 луѓе) и ја фалат дека е малку „Приказна за слугинката“, ама главно - беспрекорна. 

29 март 2020 - 23:30