Деби Мазар имаше ковид-19. Слушнете ја.

Во 15 минути, од А до Ш, од првото забележување на симптомите кога мислела дека е грип, до вчера, кога веќе нема симптоми и за два дена ѝ завршува карантинот.

Деби Мазар можеби ја знаете од „Younger“ (каде што е феноменална), а може ќе ви текне и на вториот дел „Бетовен“ со бернардинецот и лоповите што ги крадеа кутрињата. Стогодишна другарка  на Мадона и составен дел на Њујорк.

Пред празникот Св. Патрик, ја напаѓаат симптоми на, како што ѝ се чини, грип и оди да се тестира. Откако излегува негативна на грип, (а ова е пред да почнат Њујорчани да кубурат со тестови) се тестира и на корона. Позитивна е.

Следува период на боледување со појачани симптоми на грип - повисока температура, поненормални болки во мускули, снемување чувство за вкус, мирис, кашлање, карантин сосе целото семејство...

Ама жива е.

Додека траеше голготата, следачите на Инстаграм и фановите имаа прилика неколку пати да ја чујат и да добијат вести за она што ѝ се случува, а и да дознаат „што болештина е ова“, а сега кога заврши, раскажува за сѐ - какво е, што се пие, како изгледа, што ти се случува, што да правиш.

Плус една тага за таа апокалиптична ситуација со шатори во Централ Парк, за тоа дека ќерка ѝ едноставно не може да матурира, за недостасувањето на најневеројатни детали како метрото, ама сепак на крај со една порака дека и ова - ќе помине.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

My covid19 updates 💋💪🏽💃🏻❤️💥

A post shared by Debi Mazar (@debimazar) on

31 март 2020 - 11:40