И Канските лавови се откажуваат

Организаторите објавија дека годишниот Меѓународен фестивал за креативност во Кан нема да се оддржи во 2020, туку ќе почека до 2021.

Прво беше одложен од јуни за октомври, поради ширењето на коронавирусот, во истиот кош со откажувањето на еден куп други глобални настани.

Сега, сопственикот на фестивалот Асентиал потврдува дека следното издание ќе види бел ден  следната година, од 21-25 јуни, 2021.

Претседателот Филип Томас вели дека „тешката одлука“ следела по детални консултации со партнерите на настанот и клиентите, а ги рефлектира досега невидените општествени, економски и здравствени предизвици со кои светот се соочува во моментов. Додава и дека организаторите сакале да отстранат било каква несигурност за оддржувањето на настанот и доделувањето на наградите.

„Јасно ни е дека креативната заедница има други предизвици за премостување и едноставно не е во состојба да делува како досега,“ објаснува Томас. „Креативните и маркетинг индустриите во моментов се мачат и јасно е дека наше е да ги отстраниме сите шпекулации за фестивалот оваа година. Се обидовме што е можно порано да ги донесеме овие одлуки, за ситуацијата да ѝ биде комплетно јасна на целата индустрија, и затоа го објавуваме ова денес.“

3 април 2020 - 15:01