Новиот документарец за Марџела магично заврши на Порнхаб

Според многумина, порнографски сајт е совршено место за филмот, затоа што такви се суперфановите на Мартан Марџела, и навистина, документарниот филм Мартан Марџела: Со негови зборови, заврши на Порнхаб синоќа.

Требаше да се пушти во Велика Британија преку Догвуф следната недела. Креаторот е Рајнер Холцемер и филмот го прикажува Мартан како се отвара за неговите инспирации, важноста на анонимноста и зошто не е уште готов со модата.

Ама нема сцени што со право би го ставиле таму, без разлика што ќе кажат неговите опседнати следачи.

Инаку, на почетокот на март, Порнхаб објави и првиот не-порно филм - Шејкдаун, едно сањарско, калеидоскопско нуркање во сцената на квир-стриптиз клубовите во Лос Анџелес, во раните 2000-ти, кој прво се прикажуваше по галерии.

„Филмот е дел од поголемата посветеност на Порнхаб да поддржува уметност, вели Алекс Клајн, бренд-директорот на Порнхаб. „Сакаме да нѐ гледаат како платформа што можат да ја користат уметници и креатори.“

Такви се од Порнхаб, срцки.

Како филмот завршил таму моментално се истражува.

Во меѓувреме, еве трејлер:

2 април 2020 - 16:06