Редиците за влез во Катакомбите на Париз се огромни, ама тоа само значи дека местото е must-see. И како што знае короната да овозможи и фини работи (одмор, поминување време со семејството, бесплатни онлајн курсеви, слободно време), сега сме и до ова: виртуелна тура низ париските катакомби!
Нивната историја почнува кон крајот на 18-тиот век, кога сериозни проблеми со јавното здравје (ахем) поврзани со градските гробишта го водат градот кон одлука сѐ што е во гробиштата да се префрли на подземна локација.
Париските власти бираат лесно достапен простор, кој во тоа време е надвор од границите на градот: Том Исоар под рамнината Монруж, дел од огромниот лавиринт под градот кој се протега на 800 хектари.
Влагајте, не се соблакајте - катакомби.