Неделна доза ентериер:

Кај Дита Фон Тиз дома

Можете ли да замислите? Ние не можевме.

Го имавме карминот на Дита фон Тиз. Па, учевме уметност на заведувањето со нејзе. Па, гледавме како пазари.

Сега е ред да ѝ влеземе дома.

Едно прашање: Зошто толку многу препарирани животни?

Веројатно ѝ се вклопуваат во идејата за замок. Фала богу, постои нешто што се вика „етичко препарирање. 

Куќата е од 1927-ма, ама фон Тиз се има потрудено да биде мал замок полн со чудесии што ѝ го разубавуваат, не поднесува бели ѕидови и единствениот бел ѕид во куќата стои така затоа што планира да му стави - пердуви. Да, вие сте стигнале до камен-плочки, или реален камен лепен со лепак за плочки, или кафеави или сиви цигли... Дита е понапред.

Понатаму, кујната, од причини што, според неа сите седат во кујна е многу гламурозна. Ама што и да стави во кујна, нема шанси со - чешмата. Чешмата е врв. И има толку многу овошје што не може човек, а да не помисли „кога ќе стигнеш да го изедеш без да ти скапе, толку ли те бива за адултинг?“

Ентериерот инспирира идеи: салони за нов мебел се многу досадна работа. Да заврши короната и треба да се напикаме во длабочините на огласите за стари фотелји и креденци или да видиме каде сѐ може да има бувљак.

26 март 2020 - 00:07