Љубов во време на корона:

Паровите што не живеат заедно - нека почнат, или секој по дома

Не може иди ми - дојди ми за време на корона, без разлика што сте дечко и девојка. Вака од прилика вели заменикот-шеф на здравство во Велика Британија, Џени Херис. Или ќе се вселите заедно, или нема да се гледате.

Овие коментари ја решија дилемата дали тазе-паровите треба да ризикуваат да платат казна од 30 фунти ако излезат да се сретнат за време на карантин.

А напоменато е дека ако се претерува ќе следат и појаки казни.

Всушност, законот е јасен:

„Принципот е дека сакаме луѓето да си седат дома. Причината за ова е, ако имаш инфекција, а си блиску до семејството, ризикот на изложеност на вирусот е сличен кај сите членови. Речиси и да очекуваме друг член од семејството да се зарази, освен ако не применува многу, многу строги мерки за заштита.“

Во превод, да не комплицираме: Ако живеете секој сам - ај добро. Ама секое излегување значи скали, лифт, улица, продавница, разминување и така натаму, што значи - подобро ви е заедно. 

Ако живеете со фамилии - јасно ви е: не сте само вие двајца на ризик.

Така што… Или куферчето, или Фејстајм. Трето не ви е паметно.

Веројатно нема да се убиете, па нели сте тазе пар, што.

Во меѓувреме, се откри дека Принцот Чарлс е позитивен на коронавирус.

25 март 2020 - 12:31