Кога веќе готвите: 12 утешителни оброци

Прво, едно предупредување што веќе се врти по Фејсбук и кој стигна го сподели, веројатно од искуство: Пробувајте си ги фармерките секој ден, пижамите лажат.

Ние тоа ќе го унапредиме и ќе ви кажеме - метро.

Па мерете обем. Нека не ве лаже ѓаволот.

Ова веројатно никогаш нема да ви биде појасно отколку после кризиштево, ама кога веќе сте дома и кога веќе можете да готвите, ѕирнете што има на видеово.

„Храна за утеха“ е термин што совршено се вклопува во вакво време кога, прво бевме оптимисти, божем, ќе заврши ова кај и да е, па после почнавме да се шегуваме по Фејсбук (да, дури и тие со хируршки отстранета смисла за хумор), па почнавме да се секираме, за сега во моментов да влеземе во некоја фаза што накратко може да се опише со: „А бе, што ќе правиме, бе?!“

Само бидете внимателни да не почнете да се тркалате, ама ако ви затреба feel-good храна, чисто онака, колку да не заборавите дека сте живи, еве:

30 март 2020 - 00:02