Кога ќе кажеме „новиве генерации се невозможни“, на ова мислиме

Замислете, тинејџерите да ни биле љубоморни на - темните кругови околу очи! Какви се овие пост-апокалиптични трендови?

Како мислиш, да го откажеме „Брилијантин“?

Оливија Њутн-Џон реагираше на трескањата од земја за „проблематичноста“ на „Брилијантин“ и ги нарече „малку будалести.“

Навики што ни ја стареат кожата побрзо

Касандра Бенксон, девојката што зборува на оваа тема, има попријатен термин за анти-ејџинг: грациозно стареење, само побавно.

Дита фон Тиз за скандалот со Мерилин Менсон

Во понеделникот, Мерилин Менсон влезе во првата фаза од тотален кансел, нешто што ни стана секојдневие, откако неколку поранешни партнерки, меѓу кои и Еван Рејчел Вуд, го обвинија за разни типови на грозна злоупотреба. Неговата поранешна жена, Дита фон Тиз не се вклучува во тоа.

Кога мораш да снимиш видео за да објасниш дека татко ти нема шизофренија

Светот не може да се справи со Џордан Питерсон, па последниве денови, медиумите се трудат да рашират трач дека има шизофренија.

Совети што ќе ви се чинат бескорисни додека не ги послушате

„Пофали ги луѓето зад грб. Звучи глупо, а прави чуда.“

Твитер им се лути на Златните глобуси: Зошто „Емили во Париз“ има две номинации?

Што е ново? Интернетот е лут на некоја манифестација. Значи нема ново.

Спрејот за фиксирање шминка - за едни мајка, за други маќеа

Зошто кај некои функционира, кај некои не и кои се точно лажгите со опашки?

До сега постојат само осум совршени филмови

Според базата на податоци на Метакритик, само осум филмови имаат совршен резултат од чиста 100-ка. Се разбира, не е некое изненадување дека „Кум“ го има на списокот, бидејќи знаеме дека критичари го обожавале уште од премиерата во 1972. Кои се останатите и колку од нив имате гледано?

Ако ви фалеа причини да останете сингл

Секој што живее сам и не манифестира копнеж да биде во врска, во денешно време речиси автоматски се гледа со сожалување. Едноставно, научени сме да не сметаме на тоа дека е можно истовремено да се биде сам и нормален и ова води кон колективна катастрофа.

Имате ли човек што ве цеди емотивно?

Ние имаме 7 знаци за да го препознаете и да го шутнете.

Вирџил Абло има нова експериментална платформа

Светот откри старо-нова потреба од телевизија минатава година, и без разлика што имаше бескрајно многу информации на социјалните мрежи и по интернет, огромна доза се примаше и преку телевизија. Можеби баш ова му дало идеја на уметничкиот директор на Луи Витон, Вирџил Абло.

И Мерилин Менсон е откажан

И порано има зборувано актерката Еван Рејчел Вуд за наводна злоупотреба од неименуван бивши, но вчера додаде и име.

Расправање „на голо“

Во долга врска, какви и да ни се задоволствата, статистиката вели дека најверојатно ќе поминеме 10% од времето во расправии - и секоја расправија ќе се врти околу самата себе. Ќе има посебен предмет, карактеристики, неправди, глупости и наводни вистини на кои партнерот дава отпор.

Што е „синдром на натрапник“ и дали стигна и вас да ве гњави?

Во многу предизвици - лични и професионални - нѐ уназадува парализирачката мисла дека не можеме никако да триумфираме, со оглед на она што го знаеме за себе: колку сме упорно глупи, анксиозни, невнимателни, вулгарни и досадни.

Падот на Икар како мотивација да не ви е гајле што ќе речат другите

„Пејсаж со падот на Икар“ е голема слика од 1560-те, закачена во најголемиот музеј во Белгија и е детална и вредна копија на сега веќе изгубениот оригинал на фламанскиот сликар Питер Бројгел постариот.

Деми Мур фино нѐ прошета по ќерамиди

Откако го избезуми светот дека нема ич, ама ич осет што значи добра пластична операција, излегува дека лицето сепак ѝ се врати во нормала.

8 нешта на кои треба да кажеме „Не“

Ако влегувате во категорија на луѓе што тешко кажуваат не, време е да излезете од таму.

5 совети од жена што симнала 90 кила

„Едно утро, додека се спремав за работа, се погледнав во огледало и паднав во очај,“ раскажува 30-годишната Блер. „Здравјето ми се влошуваше и веќе ме болеше и движењето и стоењето.“

На Келиен Конвеј не ѝ треба „Јавна соба“

Сама си објави разголени фотографии од ќерка ѝ на Твитер.

Емили во вистинскиот Париз

Или зошто парижаните не можат да ја поднесат серијата.

Машкото апче за контрацепција: До кај сме?

Одамна се ветува. Цело време е „еве го кај и да е“, или „за две години го имаме“. Кај е?

Јавни личности надвор и зад затворени врати

Ако тргнеме од себе, дека често се случува да бидеме едни надвор, а други по дома, природно е да се заклучи дека славните личности функционираат слично. Јавноста се обидува да им ѕирне што е можно подлабоко во интимата, но за разлика од папараците, фотографот Ендру Х. Вокер има поинаква идеја.

#OutThem на Кристина Кузмич, како начин за справување со сељачишта на интернет

Кристина Кузмич, вирална видео-сензација, автор и ТВ-ѕвезда одобрена од Опра, има милијарди прегледи, книга и одлична идеја: Кога ќе ти се натне цреп на било која твоја интернет платформа - покажи го.