„Таа се буди“ на Миа Бјелогрлиќ

„Води сметка за изгледот, ама, на претерувај. Претерај, ама само кога тој те гледа. Гледај и ти, ама скришно. Дамски. Најди се себе, ама не таласај. Сепак кажи што мислиш - ама не провоцирај.“

Овие и други безобразни „совети“ со кои жените мораат да се бават со децении наназад се покриени во серијалот „Таа се буди“ на Миа Бјелогрлиќ.

Се бави со родовата нееднаквост и положбата и еманципацијата на жените во Србија (значи и кај нас), набљудувајќи ги низ секојдневни и типизирани улоги.

Каква е жената на раководна функција, во кујна, или како мајка и друштвено ангажирана личност, и како тие улоги се менуваат во последните пет децении.

„Идејата за серијалот ‘Она се буди‘ настана како последица на недостатокот на јавни дискусии, на тема родова рамноправност. Ми беше желба да направам емисија која ќе биде достапна и разбирлива за сите, која прв пат ќе отвори некои теми кои во ова општество се табу или за кои, што е полошо, никој не ни размислува. Поаѓајќи токму од идејата дека секој агол од кој што може да се набљудува е само дел од вистината, настојуваме да ги анализираме сите делови на оваа сложена тема и на гледачите да им ја понудиме целосната слика,“ порачува Миа Бјелогрлиќ.

Кажи дека не сакаш деца, ама со насмевка.

Роди дете, две, три, ама тука запри.

Посвети се на децата, ама немој да се запоставиш.

Малку запостави се, ама него никако.

Пери, чисти, пеглај, ама без досаѓање.

Досаѓај, ама со доза хумор.

Гризни се некогаш за јазик, гледаш дека му е краток фитилот.

Ти си го бираше.

7 февруари 2022 - 11:13