„Мајка ми беше медицинска сестра и веруваше во превенција,“ вели Лучи за мајка ѝ Џенет на која очигледно треба да ѝ се верува со оглед на тоа што починала на возраст од 104 години. „Ги тераше сите да прават најмногу што можат со тоа што го имаат. Да станат, да го фатат денот и да прават тоа што ним им одговара.“
Актерката од All My Children која 75-от роденден го прослави на 23 декември за Клоусер Викли изјави и дека вежба пилатес шест дена неделно, а исхраната ѝ е медитеранска, богата со свеж зеленчук, овошје и риба.
Почнала да внимава затоа што добила непријатно вадење од памет во 2018 - имала операција, откако огромна блокада во главната артерија ја довела до тежок срцев удар.
„После инцидентот со срцето открив дека стресот игра многу реална улога во здравјето,“ вели таа. „Вежбање со одржување на физичкото здравје е одличен начин да се намали стресот.“
Ретко јаде десерти, не грицка, не јаде многу леб и паста, а иако пие чаша шампањ кога ќе излезе, дома не пие. Сепак, кога оди во Европа на одмор се опушта и јаде „повеќе јагленхидрати за три недели отколку што обично јаде за шест месеци“, а непријатната вест за благото е дека „ако многу сака, ќе изеде еден или два залака“.
Ние се понадевавме дека „медитеранско“ значи и паста, ама тоа е. Во секој случај далеку попријатно од пред 15-20 години кога владееше Аткинс.