Депресијата е една од главните причина за, во недостаток на подобар термин - онеспособеност на луѓето ширум светот. Во САД, речиси 10 проценти од возрасните се борат со болеста. Но, бидејќи е ментална болест, многу е потешка за разбирање од, да речеме, висок холестерол.
За поздрав е и анимацијата - депресијата е претставена како големо темно куче што си го носиш цело време со себе. Она што е важно да се разбере е дека депресијата не е исто што и повременото чувствување тага и меланхолија. На расположението влијае и непријатен настан, и паѓање испит, дури и дождлив ден, па ќе се променат условите и одма е подобро. Депресијата е сосема поинаков и за жал, потраен проблем.
За неверниците и тие со секогаш спремно „ништо не ти е“, има и физички докази - депресијата физички се манифестира во мозокот, со промени во фронталниот лобус и хипокампусот.
Причината сè уште не е разјаснета до крај, но постојат обиди да се се фати крајот.
Начини и надеж за справување има. Прашањето е дали имаме трпение да разбереме.
На темава:
Што треба да знаеме за луѓе со високо-функционална депресија