Луѓето не веруваат дека на некој му треба помош, дури и кога ќе ја побара, само затоа што „не изгледа депресивно“, напротив, весел е, среќен и задоволен на површината.
Осум карактеристики што луѓето во оваа состојба би сакале да ги знаеме:
1. Постојано се чувствуваат како да блефираат, иако не е така
Секогаш кога ќе добијат комплимент или кога ќе ги пофалат за нешто, прво што им паѓа на памет е дека „само имале среќа“ или „ма не…“ или мислат дека луѓето се само љубезни со нив. Сѐ ова се сведува на „синдром на натрапник“, детално објаснет тука.
2. Ретко има очигледен доказ за нивната битка и потребата од помош
Од оваа причина и често го јадат од околината дека лажат, драмат или дека се мрзливи. Не се забележува дека се мачат затоа што се способни да ги извршуваат секојдневните обврски како одење на работа, на пример. И да, работата е завршена, ама едвај и со тешки маки, без разлика што е добро завршена.
3. За нив „добар“ ден може да биде нешто што за останатите е „нормален“ ден
Да речеме: Станувате порано, можеби не сте наспани, ама ви почнува денот - се туширате, јадете, одите на работа, сработувате што има за тој ден, па ќе се вратите дома, ќе јадете пак, ќе погледате телевизија и ќе си легнете, задоволни дека денот бил фин и продуктивен. Ви звучи досадно?
Ова е одличен ден за човек со високо функционална депресија.
4. Кога имаат лош ден е ужасно и изгледа невозможно да се помине
Ако нивниот одличен ден е вашиот обичен, можете да замислите каков им е лошиот?
Според едно сведоштво,
Прво го поминуваш утрото со тешко чувство на вина што ти требало долго време да се разбудиш, па одиш на работа каде што мозокот ти глави во лоудинг мод, како видео на Јутјуб со лошо вифи, па дома плачеш без причина.
И без разлика што обично се справуваат и со овие проблеми, во лош ден способни се можеби да измијат една шолја за кафе, или чинија од ручек. Другото е едноставно - премногу.
5. За да се поминат ваквите денови е потребно масивно количество енергија
Сѐ бара повеќе напор и речиси и да немаат капацитет да се бават со луѓе.
6.Често се мачат да се фокусираат и не се најдобри што можат да бидат
Секоја задача што ќе си ја зададат, или им е наложена на работното место може да трпи само затоа што се мачат со фокус. Зјапање „во далечината“ лесно може да премине во навика ако не се внимателни.
7. Просечното секојдневие може да им се чини како Олимпијада
Обични активности во текот на денот им се како спремање за трка. Она што го прави животот со високо-функционална депресија тежок е самата истоштеност од секојдневните активности. Станување, туширање, јадење, пазарење, читање книга - на човек во ваква состојба му претставува потешкотија и бара сериозно вложување напор. Функционираат на резерва, што значи дека грижата за себе и одржувањето на плановите се товар.
8. Кога бараат помош, не значи дека се слаби
Ова само покажува дека се доволно силни да си признаат дека имаат проблем што сакаат да го решат. И дека можат да го направат „страшниот“ чекор, на отворање пред друг човек. Така што, ако побараат помош - им треба охрабрување, дури и индијанска. Направете им.