Девојчето што го имаме тука, Амбер Скот, живее во западна Канада, што значи, најверојатно се разбира од облекување за ладно време. И бидејќи и ние се претворивме во западна Канада деновиве, а мора да се излезе надвор затоа што некој треба и да работи (не сите), фино би било да се добијат некакви идеи, нели?
На пример, не се плашете да изберете термални хулахопки или хеланки (ги вика thermals), и да ги носите под панталони, или ако сте авантуристички настроени за ладново - сукња. И очигледно Амбер си пати, затоа што број 1 советче заедно со хеланките е да си ја напикаме кошулата во панталони, а панталоните во чорапи, па преку тоа чизми за никако да не може да излезе насобраната топлина и да не може да влезе ладно.
Не ја потценувајте ни моќта на добри, квалитетни термо чорапи, особено ако се мачите со слаба циркулација.
Стајлингот почнува од 6:10, ако веќе сте си ги набавиле базичните парчиња за несмрзнување сезонава. Јакната што ќе ја облече е исклучително тренди, барајте си таква и нема да зажалите.
Инвестирајте во добра ролка.
Добар шал.
Добар капут.
Уште малце, и март.