Уште не е почната 2022 како што треба, а Елизабет Холмс е обвинета за четири измамнички дела, една инфуенсерка - Моли Меј, учесничка на Лав Ајленд коментира дека „сите ги имаме истите 24 часа во денот“, а мултимилионерката Клои Кардашијан ги продаваше бебешките алишта на ќерка и за над 200 (некои и 700) долари парче. Елизабет Холмс живее во поинаков свет од тој на Моли Меј и Кардашијан, но сите претставуваат една форма на феминизам и успех што за приоритет го има индивидуализмот наспроти колективизмот.
Се работи за качување на скалата на капитализмот наспроти обиди да се раскринка или да се предизвика. На некој нивен начин, сите претставуваат измама: Елизабет ја има правната дефиниција за измама со тоа што манипулираше луѓе за големи суми пари, Моли Меј и Клои изведуваат слична улога се продавање на ветување за животен стил кој реално е речиси невозможен за достигнување. Дали падот на овие популарни girlboss претставнички значи дека веќе не им паѓаме на финтите?
Јасно е дека младите жени почнуваат да покажат незадоволство во однос на вакви работи. Но, наместо колективна акција и организација, одговорите што постојано ни ги нудат се индивидуализирани работи. Лошо те третираат на работа? Почни си бизнис. Не можеш да си дозволиш дом? Работи малку понапорно. Се секираш дека може некој да те нападне навечер? Нека ти биде инстаграмот во пастелни бои.
Не е неочекувано што луѓето што останале без франшиза се вртат кон сферата на инфлуенсери и грлбосови, но сепак, се работи за форма на моќ од која бенефит има само личноста што ја држи, и тоа ја држи на грбот на тие што се помалку привилегирани. Моли Меј добива критики дека работните места што ги нуди ги плаќа само 17.000 фунти годишно, додека таа самата заработува шестцифрени бројки на месечно ниво.
Токму овие разлики ја истакнуваат лагата во јадрото на тој „грлбос“ начин на размислување што доминира во нашата култура последниве години: идејата дека има нешто поинакво или уникатно прогресивно кај жена-шеф, или дека навистина постои нешто како добар шеф. Во вистинскиот свет, работа во капитализам значи дека меѓу вработениот и шефот има нееднаков однос, во кој шефот сака да сработиш што е можно повеќе, за што е можно помалку пари, а ти само сакаш да заработиш доволно за да живееш удобен живот, а што е можно помалку часови за да можеш да уживаш во него. Ова е толку голем и непремостлив конфликт на интереси, што не постојат хаштази и „автентични“ Инстаграм-содржини што можат да го поместат, колку и да се обидуваат да го прикријат.
Наместо да се реагира на овие услови со газење преку луѓе во потрага по статус, наместо да се работи за промена на ликот на една вродено нееднаква професионална врска, единствениот начин е да се нападне колективно. Додека „Шефиците“ се вивнуваа и паѓаа, жените работеа неуморно во нивните заедници и синдикати за да изградат форма на моќ што навистина може да промени животи, а не само да се преправа дека го прави тоа, додека решително ја одржува ситуацијата на статус-кво.
Жените се придружуваат и се активираат во нивните сојузи и тоа е важно затоа што води до употреба на колективна моќ за да се организираат околу проблемите со кои се соочуваат. Во раните денови на пандемијата, жените што чуваа деца во Северна Ирска се здружија и побараа грантови за самоизолација и зголемување на подршката. Минатата година, сојузот Јунајт Хоспиталити почна национална кампања откако една жена беше нападната враќајќи се дома од смена по која работодавачот одбил да ѝ плати такси. А месецов, Трејси Шолс, возачка на автобус од Манчестер и член на синдикат, ја вратија на работа, откако претходно ја изгуби затоа што беше прениска за новите, редизајнирани автобуси.
Ваквите причини и силната организациска работа што се случува околу нив можеби не се светкави и гламурозни како партнерство со бренд или плочка на која пишува ЦЕО, но секако треба да им бидат цел на младите жени што навигираат низ професионалниот свет во денешно време. Сигурно инфлуенсерство или бизнисчиња нема да нè кренат до промени во животот, ќе нè кренат грижа и солидарност и работење како една. Ако ова е навистина крајот на ерата на „грлбос“, да се надеваме дека ќе се ослободи простор за колективна акција и ера на младите жени обединети во синдикати.