Ода за ужасот наречен „ставање нокти“

Има ли некој што ужива во гувеење наведнат преку масиче, карши некој што му ги струга ноктите, му ги гребе заноктиците, за после здружено да чекате да се исуши лакот кој не знаеш дали е од тие што ги забрани ЕУ, под светленца на печка што не си сигурен дали се доволно штетни за кожата на прстите?

Во коментарите на видеото на ТикТок каде што го најдовме, некој се потрудил да каже дека „не треба да боли и не треба да тече крв никогаш“, ама сте нашле ли вие дуќан каде што не те боли, не ти е глупо, не ти се пушта малку крв и не треба да ти мава некаде во некој заден дел од мозокот „дали се стерилизирани инструментите“?

Ако има, кажете, да знаеме.

А ако баш вие држите таков дуќан, не ни се лутете, сигурно ве бива, ние сме само истрауматизирани сосе Canadian Ginger тука.

21 април 2026 - 00:00