Интернетот негодува за ова, поради нејасноста околу тоа како може „да спијат на пари“ од сите бизниси што ги имаат и сепак да им текне да продаваат бебешка облека место да ја донираат во добротворни цели.
Бебешката облека на Тру Томпсон, ќерката на Клои, е достапна за продажба онлајн, а има парчиња како Ралф Лорен јакна за 150 долари и Долче и Габана маичка за 99. Бидејќи е бебешка, јасно е дека е носена една сезона, само што, на Твитер се бунат дека обично кога ќе се износи се дава на братче/сестриче или роднинче, или се дава на некој што нема. Со оглед на тоа што брат/сестра/роднина во тоа семејство има и тоа многу, останува варијантата подарување. Односно, во случајов - не останува.
Семејството Кардашијан заработува многу од нивната носена (и често бесплатна) гардероба, и ова доаѓа со услови: „Сите продажби се финални. Нема враќање, замени, враќање пари или откажување“ пишува на нивниот сајт, но не пишува дали нешто од заработувачката оди во добротворни цели.