- Првиот „Ѓаволот носи Прада“ се појави пред 20 години, па многу јасно дека беше во едно поедноставно модно време. The Cut имаат занимлива анализа за инфлацијата што ја живееме преку парчиња што се појавија на филмот.
- Луксузна ташна можеше да се најде за 1000 евра, а Шанел чизмите над колена што ги носеше Ен Хатавеј беа (за денес) ненормални 1500 евра, што за многу жени сега е „shut up and take my money“ момент.
- Некои работи за среќа се наоѓаат по бувјаци и сајтови за половен луксуз, па така Марк Џејкобс се појавува и за 150 долари. Ама дека живееме во ненормално и неосновано скапо време - живееме.
- Mushroom blonde е нијансата на „плава“ што веројатно треба да ја очекуваме да зачести. Комбинира беж, пепел и ладни кафеави тонови и така создава природен изглед со суптилни преливи.
- Не бара често фарбање, бидејќи постепените премини меѓу потемниот корен и посветлите должини го прават израснувањето помалку забележливо.
- Лесно се приспособува на различни тенови и бои на коса, особено на природно темнорусаа и светлокафеава коса, со можност за посветли или постудени варијанти.
- „Космополитен“ ја претставува листата Z-Stars за 2026 година, со 25 истакнати претставници на генерацијата З кои придонесуваат во различни области, од музика, филм и комедија до спорт, политика, наука, здравство и технологија. Заедничка карактеристика на избраните личности е желбата да создадат нешто оригинално и значајно.
- „Со својата креативност, политичка активност и автентични реакции на општествените промени, младите наоѓаат нови начини да се изразат и да влијаат врз светот, и покрај предизвиците што ги носат вештачката интелигенција и дигиталното опкружување.“
- Може не е за фалење, ама ние не знаеме ниеден.