Книгата е Louis Vuitton, L’Audacieux, авторката е Каролин Бонгран - приказната е како бајка од 19 век, како дикенсовски роман што го следи Витон од неговото сиромашно детство - дури има и зла маќеа.
Во срцето на приказната е идејата за патувањето - од младиот Витон што сам пешачи до Париз за да си ја најде среќата, до неговата улога како пакувач и изработувач на кутии за богати туристи.
Колку всушност знаеме за Луи Витон? Пред да ја прочитаме книгата изгледа ич, ама еве спојлери:
1. Бил сиромашен додека растел
Роден е во планински предел на источната граница на Франција, и со браќата и сестрите живееле во една соба со татко им. Мајката не се појавува, освен како еден нежен спомен - починала кога имал 10 години, а ја наследила злобна маќеа, која ги тера децата да работат и ги бира „најубавите места за спиење, најблиску до огништето“. Нема многу детали за нивниот однос, но се знае дека нешто го натерало Витон да го напушти домот на само 13 години.
2. Пешачел 650 километри до Париз
Многу слично на бајка, Витон влегува во шумите на Јура со намера да оди пешки до Париз, облечен само во дрвени кломпи. Поработува и нешто по пат, па му требаат две години, за на крај да пристигне во Париз во 1837.
3. Дошол во момент на промени
Оној Париз што го нашол, бил на раб на промена: Кралот, Луи Филип I дошол на власт во 1830, преземајќи од неговиот роднина Карло Х кој воопшто не бил популарен. Парижаните се несреќни и се бунтуваат. Младиот Витон чиракува во ателјето на месје Марешал, кој прави ковчези и пакети, а Бонгран го слика како гледа дека градот светка од револт околу него.
4. Се спријателил со императорка
Работејќи кај Марешал, се вмешува меѓу градските елити на кои им требале пакувачи и ковчези за транспорт на нивните сопствености меѓу домови. Младиот Витон е заведен од овој свет - невиноста ја губи со една војвотка, но неговата врска со Ежени де Монтихо која подоцна се омажила за Наполеон III и станала императорка на Французите е поцентрална тема. Така станува официјален пакувач и изработувач на ковчези за нејзиното домаќинство во 1853.
5. Модата била важна од самиот почеток
Една година подоцна во 1854, Витон ја основа својата продавница. „Безбедно пакува најкршливи предмети. Специјалност за пакување модни парчиња“ пиршува на знакот во улицата Нев де Капусин. Голем дел од неговата фасцинација со модата доаѓа од неговиот однос со дизјнерот од Линколншир, Чарлс Фредерик Ворт, познат како татко на високата моса - кој го научил на променливите потреби на модата.
6. Ќерка му се родила во продавницата
По бракот со Клеменс Емили Парио, се родила ќерка му во задниот дел од продавницата. На нејзиниот извод едноставно пишува „Париз“, па не се знае до крај дали е ова точно, но служи како важна метафора за тоа колку му е важно семејството на Витон: по пензионирањето, бизнисот го презема неговиот син Жорж и токму тој го воведува сега веќе познатиот ЛВ монограм.
7. Продавницата доживеала инвазија
Дел од причината што толку малку се знае за раните години на Витон е затоа што избила Француско-пруската војна и му влегле во работилницата и му ја окупирале фабриката четири месеци. Ковчезите и опремата биле украдени или уништени, работниците избегале, а повеќето документи на компанијата биле уништени. Во следните неколку години, полека ја изградил фабриката одново и сменил од пакување во ковчези во багаж - со тек на време создавајќи преносливи гардеробери, како и првите чанти на Луи Витон. Со нив се осигурало преживувањето на куќата долго по неговата смрт на 27 февруари, 1892, во Асниер, париската четврт каде што ја започнал денес веќе вековната империја.