„Хорор-жанрот отсекогаш имал политички инклинации,“ објаснува Кејтлин Ејвилс, креатор на хорори и професорка по теорија на феминистички филмови. „Хорорите сепак отсекогаш ги одигрувале современите стравови на јавноста - комунизмот во ’50-те, сатанизмот во ’80-те и технологијата што ни навлегува во животот од ’90-те па наваму. Главно, хоророт има тенденција кон либералната страна, иако имал и периоди на конзервативност. Многу од филмовите направени во 1980-те особено тие со колење ги рефлектираат вредностите на ерата на Реган.“
Оваа конзервативна етика се гледа преку агресивно чистиот пристап кон сексуалноста и пораките против дрогата.
Многу често, конзервативните идеали се изразуваат преку различни хорор хероини. Стравот од променливите сексуални и општествени позиции на младите жени е истражен преку тинејџерката-бебиситерка во „Кога ќе се јави непознат“ од ’79, или воспитувач во камп во „Петок 13“ од ’80 и секогаш кога не се под директен надзор на мајки, наставници или свештеници. „Иако не беа сите невини и не одбиваа алкохол и дрога, жртвите во ’80-те беа претставени како аморални во нивното однесување и така гинеа,“ вели Ејвилс. „Последната преживеана девојка е токму спротивното. Нејзиното одбивање да се предаде на хедонистичките страсти ѝ овозможува да го порази убиецот.“
Сепак, хорор-хероините на ’70-те и ’90-те“, години и на „Ноќ на вештерките“ и на „Вресок“, тежнееја кон либералното. Според Ејвилс, главните девојки во ’70-те „отелотворувале сентименти на вториот бран на феминистичкото движење“. Самата Лори беше многу прогресивна, иако не баш сексуално активна како нејзините другарки. Сидни Прескот, иако Били Лумис, еден од двајцата оригинални Гоустфејс убијци ќе „ѝ ја земе невиноста“ (пред да проба да ја убие), Вес Крејвен ја направи survivor со сексуална автономија. И ако овие ликови се така либерални, зошто сега добиваат таков поинаков призвук?
Одговорот можеби лежи во фактот што овие хорор-хероини повеќе не се тоа. Сидни сега ја презема улогата на Дуи и се обидува да спаси неколку разулавени тинејџери, а Лори станува како д-р Сем Лумис од првиот филм и фанатично се обидува да го најде избеганиот Мајкл.
Интересното е што иако главните улоги стануваат поконзервативни со годините, маркетингот за филмовите сепак сака да биде во линија со либералните вредности на таргет-публиката. „Се сеќавам како Џејми Ли Кертис го фалеше ‘Ноќ на вештерките 2018‘ што прикажа жена со трауми и тоа го поврза со #MeToo,“ вели Ејвилс.
Со сите нови филмови што следат во овие франшизи, плус обновувањето на „Петок 13“ и уште повозбудливо „Кошмар на улицата на брестовите“, изгледа сè уште има простор омилените хорор преживеани да ја испроцесираат траумата, притоа држејќи се до нивните издржливи, прогресивни пораки.