Bookbox

Кога воздухот станува посвеж, хризантемата одбива да ја прифати промената на сезоната. Раскошна, со густо наредени ливчиња во бои од бела и жолта до бронзена, лила и темноцрвена, таа ги разубавува градините токму кога повеќето други растенија веќе се подготвуваат за зимскиот одмор. Но, таа не е само есенски украс. Нејзината приказна трае повеќе од три илјади години и ги поврзува древната медицина, царските дворови и различните културни претстави за животот и смртта.

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Каква е таа професија „корпоративен етнолог“?

Додека кај нас етнологијата главно асоцира на истражување народни носии, правење муабет со селски старци и запишување фолклорни мудрости, етнолозите од други краишта на светот во меѓувреме на научиле како (скапо) да им се продадат на современите корпорации.

Уметноста на испуштањето гасови

Жозеф Пујол на почетокот на 20 век бил највисоко платениот изведувач во Мулен Руж. Неговиот талент бил во најмала рака...необичен.

Зошто не постои „талентирано дете“?

Нова книга ја става под знак прашање нашата фиксација со коефициентот на интелигенција, и вели дека возрасните можат (ако сакаат и ако знаат) да му помогнат на речиси секое дете да стане „надарено“.

Каде се наоѓа женската С-точка?

Во нова книга под наслов „С-точка: феминистичката потрага по среќа“ (во оригинал The H-Spot: The Feminist Pursuit of Happiness) авторката Џил Филиповиќ, адвокатка и активистка, оди чекор понатаму во дискусијата за тоа дека жените законски и општествено треба да се еднакви со мажите, и поставува едно посуштинско прашање: што ако целта е жените да бидат едноставно посреќни?

Eсеј за патувањето со (македонски) воз

За блиц но меродавно истражување на социјалната психологија на „просечниот македонски граѓанин“ не се потребни некакви квалитативни, лонгитудинални, статистички и други истражувања, со обемни буџети и комплицирани методологии. Доволно е на човека да му се падне да седи во првиот ред до ВЦ-то во оние новите, кинески возови.

Зошто „Деспасито“ е толку популарна?

Не е прв пат нешто што ни звучи исто толку глупо колку што стварно е (мелодиски, поетски, жанровски) да е ултра-мега-популарно. Ама не би било истражувачки доследно ако не се запрашаме - зошто?

Како умереноста од доблест стана маана

„Умерена реакција“, „умерен политички потег“...Во време на радикални и екстремни однесувања, на умереноста сепак не се гледа како на нешто што треба да се поттикнува и цени, туку како на неодлучност, слабост и опортунизам.

Првиот официјален Мајнкрафт „роман“, кој повеќе личи на прирачник за самопомош

Играта која започна како примитивен аплет во 2009 денес е втората најголема видео игра на сите времиња. Мајкрософт, кој во 2014 плати 2.5 милијарди долари за да ја купи Мајнкрафт од Можанг, вели дека доколку 107-те милиони луѓе кои купиле копија формираат народ, тој би бил 12-тиот најброен на планетата.

Како тиранијата на социјалните мрежи го менува интелектуалниот пејсаж

Дури и со години да имате само 12 пријатели на Фејсбук, и да не се занимавате секојдневно со Твитер, од време-на време ве совладува горчливо чувство - зошто голем број од нас се однесуваат како дигиталниот простор да е нивен феудален посед, правдајќи се со бранење некаква кауза?

80 години од изложбата на „Дегенерирана уметност“

На 19 јули 1937, во организација на Адолф Циглер и нацистичката партија, во Минхен бил организиран настан на кој биле претставени 650 уметнички дела. Нивниот заеднички именител - дека тие всушност не се уметност, туку дела на дилетанти кои го навредуваат чувството за убаво.

„Сестрите Палавееви“ од Алек Попов, или за биологијата на идеологијата

„Овој роман е книжевна фикција“, се оградува авторот на почетокот од книгата, обидувајќи се на овој начин да постави Кинески ѕид помеѓу документираното и измисленото, стварното и лажното. А притоа добро знае дека ваквите обиди се залудни – повеќе како монтирање гипс-картон помеѓу две пренаселени простории, кој пропушта гласови дури и кога во нив само се воздивнува или конспиративно се шепоти. Среде сета таа какафонија од звуци човек не може да биде сосем сигурен што му се причинува, а што е вистински.

Разбивање табуа: прв сексуален прирачник за муслиманки напишан од муслиманка

Дали жената може и треба да биде задоволна во брачниот кревет, а сепак да остане доследна на верските поуки? Прв ваков водич напишан од муслиманка се обидува да одговори на ова прашање.

Џејн Остин не е за шмизли

„Никогаш не прифаќај помалку отколку што заслужуваш, заложи се за луѓето што ги сакаш, следи си го срцето“ - ова не се совети од некоја современа феминистка, туку од жена која пред повеќе од два века знаела нешто за човечката психологија, која не се менува толку лесно.

Валканото е добро за деца

Не ги пуштаме децата да играат во кал, ги давиме во антибактериски препарати, ги чуваме под стаклено ѕвоно. Тие пак развиваат алергии, астма и егземи. Аман, оставете ги раат нека се валкаат, повикува нова книга на темата.

Феноменот на „немртвите“ и човекот кој ја инфицираше поп-културата со него

Вчера, 16.7, на 77 години, почина Џорџ А. Ромеро, режисер на aнтологискиот „Ноќ на живите мртовци“. Но иако повеќето некролози го слават како филмски автор, тој е многу повеќе од тоа - изумител на феномен кој ја инфицираше целата поп култура со идејата за воскреснувањето која, за разлика од онаа христијанската, не носи ништо добро.

Кога робот ќе биде добитник на Струшкиот венец?

Дали машина која (засега) не е способна за емоционални доживувања може да напише поезија која ја трогнува душата? Морничаво е да се признае, ама изгледа дека е доста блиску.

Мрачната привлечност на онлајн-тестовите

„Која светска метропола сте?“. „Кој тип италијанска паста?“. Ваквите тестови кои често знаат да искрснат на Фејсбук и наивно да бидат кликнати од досада, всушност не се толку наивни. 

Горчливата приказна за шеќерот

Сите оние кои се ставиле на некоја од диетите кои се во моментов „ин“ - хроно, протекали, прашоци од сурутки - го знаат она чувство на поетски копнеж во првите денови кога се „симнуваш“ од шеќер. Ама долгорочно изгледа борбата со самиот себе се исплати.

„Шерифот“ на Боб Марли е песна за контрацепција?

Последниве неколку години терминот „усна историја“ се прелеа од сферите на етнологијата, антропологијата и историјата во популарната култура. Па има усна историја на Саут парк, на Терминатор, на порното, и што уште не. Нова книга со овој термин во насловот се однесува на ликот и делото на Боб Марли.

Научниците складираа подвижни слики во бактерија

Најпрвин известивме дека научниците од Кембриџ успеале да ги сместат сите 154 сонети на Шекспир во човечка ДНК. Потоа дека истото го направи и Мајкрософт, само со „Војна и мир“. Најново е дека истражувачи од Харвард за прв пат успеаа да креираат жива библиотека, вградена во бактерија која на човека му е позната по неубаво.

Зошто за монотоно поминат одмор е сеедно дали трае три дена или две недели?

Во нас има две јаства кои имаат конкурентни сфаќања за среќата. Едното инсистира да му е убаво во психолошката сегашност. Другото е склоно да сумира, и својата проценка на задоволство да ја врши во ретроспектива. Важните одлуки (за среќа?) сепак ги носи второто. 

Зошто сите на интернет сакаат да умрат?

Од 2016 наваму забележителен тренд на социјалните мрежи е да се бие шега со смрт, самоубиство и депресија. А ако е нешто „ин“, зошто ние би останале покусо?

Музејот што испраќа дела од својата колекција преку СМС

Испраќаш порака до нашиот Музеј на современа уметност со клучни зборови „жешко лето“, а тие ти испраќаат слика од „Капачките“, серија скулптури на Анета Светиева. Епа истото тоа, ама во Сан Франциско. 

#Тресит: Tвитер како ризница на локални дијалекти

Лингвистите го користат Твитер за да проучуваат регионални варијанти на различни јазици. За инает на оние кои мислат дека социјалните мрежи се корисни само ако сакаш да плукаш на неистомислениците, и тоа плукање знае да биде лингвистичка ризница.