Не толку одамна, да си новинар-репортер од далечни дестинации наликувало на акционен филм, во кој главниот лик требало да се соочи со нешто повеќе од прес конференции, мејлови и соопштенија. Таква е и оваа приказна, за едно известување од Судан, кое е на граница на книжевност - полно сетилни впечатоци и ликови кои не се среќаваат во стерилните вести. Такво е, на граница на фикција, и затоа што до оригиналните материјали сега веќе е речиси невозможно да се дојде. Останува барем фрагменти да се спасат од заборавот.