Најдовме снашка за нашиот

9-годишното девојче што го сака Боуви

Кога детето ти слуша музика што и тебе ти се допаѓа ти доаѓа мило, дека си завршил работа како родител. Ама па истовремено ти е и некако шубе, дека нема со кого да си направи муабет на темата, затоа што неговите врсници не се баш по Кеш и Боуви. Затоа и се израдувавме на текстов. 

Tрикси Мадел, која сега има 9 години, му е фан на Боуви од тригодишна возраст. Нејзините родители, Дон и Џош Мадел се рокери, и не само во душа. Мајката е музички уредник за ТВ и филм, а тој имал продавница за плочи. Додуша не се опседнати баш со Боуви, но откако за третиот роденден на Трикси ѝ направиле ЦД со The Laughing Gnome од 1967, малата се воодушевила. Мислела дека ова е единствената песна на Боуви, но кога ги открила и останатите од седумдесетите, е тогаш приказната фатила корен. За Халоуин се преправила во Боуви, на седугодишна возраст имала Боуви тематски роденден со торта во форма на молња и пињата како главата на Боуви, полна со Марс и Старбрст чоколади.

Како што пишува Њујоркер, оваа недела Трикси и мајка ѝ ја посетиле новата изложба на Бруклинскиот музеј „Дејвид Боуви е“, која содржи музика, костими, сценографија, рачно пишувани стихови и други материјали. Таа е дел од збирката на Музејот на Викторија и Алберт, која од 2013 патува низ десет градови, а патот го завршува во Њујорк, каде Боуви ги мина последните децении од животот. Раните години се претставени преку диорами со птичја перспектива на неговата спална во Бромли и снимки на кои тој зборува за младоста, на пример за тоа како на 17 години формирал Друштво за превенција на суровост кон долгокоси мажи.

Трикси ги препознала сите артефакти поврзани со седумдесетите, додека на пример делот за снимањето на „Блу Џин“, па дури и „Блекстар“ ја оставиле рамнодушни. За видеото за „Живот на Марс“ искоментирала дека го има гледано „баџилион пати“, а за куклениот костим кој Боуви го имал на себе во издание на Saturday Night Live дека морале да го носат во раце бидејќи не можел да мрдне.

И ние дома имаме еден млад Боуви фан, па ако сака Трикси да дојде на гости за овој да ѝ ги покаже плочите...No Pressure:)

 

7 март 2018 - 10:09