1. Почнал да пуши на 12 години (деца, не читајте)
2. Масоните му ја одбиле апликацијата за членство поради „морални причини“
3. Научил да се самохипнотизира од кантри пејачот Џони Хортон.
4. Кога како дете работел на памучните полиња, имал навика да јаде пупки памук, и покрај тоа што мајка му постојано го предупредувала дека ќе го боли стомак
5. Иако официјално никогаш не бил осуден, поминал 7 различни ноќи во затвор поради различни инциденти. При еден од нив си скршил прст од нога, клоцајќи ја решетката од ќелијата
6. Си ја купил првата гитара во Германија за 20 тогашни марки
7. Рој Орбинсон му бил прв комшија во Тенеси цели 20 години
8. Стално си честитале роденден со Елизабет Тејлор, која е родена ден по него
9. Кога служел војска во авијацијата на својата прва жена Вивијан ѝ ги пишувал писмата со зелено мастило
10. Комбето кое го користел за амфетамински екскурзии во пустината (како Хајзенберг од „Брејкинг бед“) му се викало Џеси Џејмс. Прозорците му биле покриени со црн спреј, за да може да спие дење
11. Истечено масло од Џеси Џејмс било причина за палење на националниот парк Лос Падрес, а Кеш бил првиот човек успешно суден од САД за предизвикување шумски пожар. Како последица на пожарот во резерватот останале само 9 кондори. Запрашан како се чувствува поради ова на суд, Кеш рекол: „К.. ме боли за вашите жолти птичурини“.
12. Бил многу близок пријател со неодамна починатиот евангелистички пастор Бил Греам, кој му го доверил синот на „чување“ од дрога и алкохол. Во куќата во Јамајка имал и посебна соба за него наречена „Собата на Бил“
13. Кеш бил далечен роднина на кралот Даф, првиот крал на Шкотска.
14. Кери Кеш, мајка му на Џон, работела во продавницата за сувенири во Куќата на Кеш до својата смрт
15. Мухамед Али напишал поем за Кеш под наслов „Вистина“, која Кеш ја чувал заклучена во сеф
16. Кога Џони имал 5 години, татко му го убил домашното куче затоа што ги изел остатоците од храна наменети за свињите
17. Кога ја посетил Белата куќа го споредил бројот на чевли со тогашниот претседател Клинтон. Неговите биле поголеми.
18. Во 1984, кога мислел дека неговата издавачка куќа го игнорира, намерно издал грозен албум под наслов „Кокошка во црно“, со насловна песна за тоа како мозокот му е трансплантиран во тело на кокошка
19. Во официјалното видео за Delia's Gone (кое тешко и се наоѓа онлајн) Кеш ја врзува и закопува Кејт Мос.
20. Мотото на грбот на семејството Кеш е „Ќе дојдат подобри времиња“.
Да се потсетиме: Текстот на Адо за неговата посета на гробот на Кеш