Bookbox

Кога воздухот станува посвеж, хризантемата одбива да ја прифати промената на сезоната. Раскошна, со густо наредени ливчиња во бои од бела и жолта до бронзена, лила и темноцрвена, таа ги разубавува градините токму кога повеќето други растенија веќе се подготвуваат за зимскиот одмор. Но, таа не е само есенски украс. Нејзината приказна трае повеќе од три илјади години и ги поврзува древната медицина, царските дворови и различните културни претстави за животот и смртта.

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Цензурата како самокастрација

Неодамна, по седум години и седум месеци, Дежуловиќ престана да ја пишува редовната колумна во сараевско „Ослобоѓење“, онаа која секојпат почнуваше исто - со другар му Кожо кој во два по полноќ му се јавуваше да му каже виц. Но неговото откажување не е ни смешно, и не е виц. Панчиќ го нарекува (само)кастрација на медиумите, без оглед на страната на политичкиот спектар на која припаѓаат.

Зошто европските политичари одеднаш го цитираат Достоевски?

Да цитираш руски писател може да биде згодно. Се разбира притоа да ги толкуваш неговите зборови онака како што ти одговара.

Книга за правење домашно сирење за деца

Рики Керол и до сега беше позната по книги со рецепти за правење сирење. Но оваа новата е наменета за деца, за место да кмишат на мобилни да се фатат да прават моцарела, рикота, фета и други сирења за новите генерации.

Што беше тоа „чест“?

„Честа е поскапа од парата“. „Поарно е да имаш име чесно отколку многу сребро, „Честа чест носи“. Овие македонски поговорки не сме ги чуле одамна, веројатно затоа што е тешко да се „продадат“ како релевантни за новото време. Но што е тоа точно „чест“? Нова книга се обидува да го објасни овој феномен.

Нецензурираниот Чајковски

Русите уште имаат проблем да признаат дека еден од нивните сјајни композитори повеќе сакал мажи. Сега на англиски прв пат се објавени и оние делови од неговите преписки кои досега беа цензурирани од домашните дежурни моралисти. 

Вистина, лаги и книги

Распадот на старите сфаќања околу тоа што е реалноста сега е најважната реалност. Светот денес веројатно најдобро може да се објасни во смисла на конфликтни и често некомпатибилни наративи.

„Месо“: изложба за борбата помеѓу животот и смртта

Во Altes Museum во Берлин се отвара изложба на древна и современа уметност, која го истражува постојаниот конфликт помеѓу живите и мртвите во човечката култура.

„Не постојат возрасни“ - нова книга совети за оние кои наближуваат кон 40-тата

Ако сте забележале дека во рубрикава стануваат актуелни текстови за средовечноста, тоа секако не е случајно. Ама немојте да мислите дека сте премлади за да ги читате. Брзо си доаѓа 40-ка. И уште побргу изгледа проаѓа.

Од неандeрталци до роботи: историја на човечкиот говор

За разлика од минерализираните структури на коски и школки, човечките гласови не можат да фосилизираат. Како резултат на тоа можеме само да замислиме како звучело „Старо купуем!“ на улиците на Скопје пред еден век.

Kој е за сладолед со вкус на Илинден?

Да беше споменикот Стоунхенџ сладолед, тој ќе беше вкусна ванила со овес, бадеми и спирали мед. Еден мал производител на сладоледи од Балтимор прави вакви комбинации, инспирирани од луѓе и места во минатото.

Кратка историја на пасошот

Доаѓа лето и почнува да ни текнува на пасошите - истечени ли ни се, ни треба ли виза за таму каде што ќе одиме, што ли ќе пишува на нив ако се смени името на државата? Овој документ - македонски, бугарски, од која и да е ЕУ земја, американски - има големо практично, но и симболичко значење. Особено за оној кој не може да го има.

Како би изгледала „Чекајќи го Годо“ доколку би била напишана во 2018?

Во оригиналниот текст на Бекет, Владимир и Естрагон го чекаат пристигнувањето на човек наречен Годо, кој никогаш не се појавува. Како би изгледало денес нивното чекање?

Два века од првиот сајбер напад

Во 1790 Франција создала национален механички телеграфски систем. Во 1834 двајца измамници по име Франсоа и Жозеф Блан го извршиле првиот „сајбератак“ врз него, манипулирајќи ги податоците кои минувале низ системот за на тој начин нелегално да заработат на берзата.

И „меракот“ ни го земаа!

Ретко ставаме извичници во наслови, ама па ова стварно не се трпи.

Колку личен простор ни е навистина потребен?

Не фигуративно, туку буквално. Туркање во автобус, непосакувано гушкање, дишење во врат - сето тоа се доживува како загрозување на личниот простор. Иако радиусот на ваквата територија се базира и на културата, потребата тој да се има (или да се препушти на друг) е длабоко еволутивна, вели нова книга.

И тетоважите сега се „културолошко крадење“

„Моко“ не е обична тетоважа на лице. Тоа е симбол на Маорите од Нов Зеланд, на нивниот идентитет и историја, и знаковен систем кој укажува на припадноста на род и статус во групата. Што се случува кога бела жена ќе си ја тетовира брадата со ваков цртеж?

„Панкот е мртов“ од Томаж Космач

Oдлична збирка раскази, која наскоро ќе биде промовирана на овогодинешното, 55-то издание на ДАФ - фестивалот на аматерски театар. Од страна на еден од „најозлогласените“ панкери во душа во екс-Југославија, Марко Брецељ. Претстави, промоции, концерти и - кликбејт! - еклери за пет денари. Разбудете го бунтовникот во вас и дојдете во Кочани.

Кои биле првите политички аналитичари?

Она што денес се нарекува „проценка на ризик“ некогаш се нарекувало пророкување. А најраните политички консултанти во древна Атина биле добро образувани, и „напафкани“ жени. Можеби токму такви ни се потребни, од двете страни, за решавање на нашите проблеми.

Луѓето ретко викаат „фала“

И тоа не само кај нас, и не само затоа што не се љубезни. Повеќе се работи за традиција - изгледа ситуациите во кои би требало да кажеме „благодарам“ ги земаме здраво за готово.

Меѓународниoт Букер за 2018 оди во Полска

Олга Токарчук ја доби наградата од 50.000 британски фунти, која според пропозициите ја дели со нејзината преведувачка на англиски, и со тоа стана првата полска писателка која го доби престижното признание.

Писма на младиот Пруст до неговата љубов - славен француски композитор

Уште не ни се оладил текстот за писмата на Хемингвеј до неговата 30 години помлада муза, веќе имаме нов момент: во Париз се изложени писма на Пруст до неговиот долгогодишен партнер, пред нивната најавена аукциска продажба.

Обединувачката моќ на лебот

Секогаш сме скептични кон решавање на длабоки општествени конфликти со јутјуб кампањи и билборди. Демек ако си агресивен националист ќе погледнеш едно слоу моушн клипче во пастелни бои, за минута ќе ти се активира чакрата за емпатија, а по финалните кадри веќе ќе бидеш друг човек? Ама па некои идеи за кампањи се подобри од други.

„Neon Nights - Пушка на надежта“ (македонски стрип)

„Во Скопје веќе со декади ништо не расте. Зад нас останува само отровната магла од последната војна, а некаде изгубени во неа скитаме сите. Богатите и моќниците што не заминаа за Сатурн живеат на врвовите од мегазградите со свои вештачки градини и џунгли“.