Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Трето издание на фестивалот „Видик“

23 March 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик” ќе се одржи од 25 март до 8 април 2026 година, во организација на „Литература.мк”. Во книжарницата „Литература.мк”, во „Дајмонд мол”, ќе се одржат промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, филмска проекција и донаторски настан, со што фестивалот повторно ќе понуди динамична и разновидна културна програма за пошироката публика.
  • Фестивалот ќе биде отворен на 25 март (среда), во 19 часот, со промоцијата на книгата „Филмската пропаганда во дигиталната ера” од Сашо Кокаланов, а промотор на изданието ќе биде Оливера Ќорвезироска. Следниот ден, во 21 часот, во „Литература.мк” во „Дајмонд мол”, ќе се одржи концерт на еден од најактуелните алтернативни бендови кај нас – „Фанк шуи”.
  • Програмата опфаќа повеќе книжевни промоции, често во комбинација со театарски или музички изведби. Така, книгата „Театарски приказни” од Митко Бојаџиски ќе биде проследена со актерска изведба на Светскиот ден на театарот (27 март), по што ќе следува џез-концерт на Night And Day Quartet во состав: Јани Костурски, Оливер Јосифовски, Бојан Петков-Шамба и Павел Ренџов.

Целосната програма и можност за купување билети тука

извор

Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“ од 23-29 април

22 April 2026
  • Share
  • Post
  • „Отвори прозорец кон нови светови“ е слоганот на 38. издание на Саемот на книгата, кој и оваа година ќе се одржи во Aрената Борис Трајковски во Скопје, во периодот од 23 до 29 април (четврток до среда).
  • Издавачката куќа „Арс Ламина“ го најави ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април. Преку издавачката куќа „Сакам книги” доаѓа и италијанската писателка Виола Ардоне – авторка на популарната книга „Возот за деца“ која веќе доби и своја Нетфликс адаптација. На штандот на издавачки центар ТРИ ќе гостува Хајс Вилбринк, автор од Холандија. На штандот на Антолог најавено е гостување на авторката Ирса Сигурдардотир од Исланд, препознатлива авторка на трилери. Чешкиот писател Јиржи Хајичек е специјален гостин на „Славика либрис“. На саемот ќе бидат присутни над 30 издавачи од соседна Србија, а за истакнување е и најголемиот издавач Лагуна.
  • Програма на промоции по штандови тука
    Промоции во Промотивниот центар на Саемот тука
извор

Изложба: етнолошки мотиви во колекцијата на Националната галерија

14 April 2026
  • Share
  • Post
  • Во Чифте амам во Старата скопска чаршија в четврток, на 16 април во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“. 
  • Станува збор за проект што ги поврзува етнологијата и ликовната уметност, преку толкување на етнографските елементи во дела создадени кон крајот на 19 и во првата половина на 20 век.
  • На изложбата ќе бидат претставени вкупно 52 дела од колекцијата на Националната галерија, меѓу кои и дела што не биле често изложувани пред пошироката јавност. Според најавата, станува збор за творби од истакнати македонски и балкански автори, инспирирани од животот во Македонија во поинакви историски и општествени времиња. Автор на изложбата е Александар Ристевски, а соработник и автор на текстот во каталогот е м-р Владимир Таневски. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Јурииииш, одиме во финале после 28 години

Навивачи
2

Тажен школски двор среде Скопје

Македонштина
3

Со она од што паметниот се срами...

Македонски рулет
4

Северна ја снемува, буква по буква

Македонштина
5

Кога Први мај ќе се падне на втори

Балканштина
6

Усул, луѓе, усул

Медиуми
7

Летните тераси повторно крадат јавен простор

8

ЕУ-Маѓар: Прво па ЛГБТ!

Свет
1

Ај нафта, ама што значи ако снема хелиум?

Bookbox
2

Букбокс гледанка: „ДТФ Ст. Луис“ (серија, ХБО, 2026)

Bookbox
3

Замислете сите голи слепи кучиња да живеат во мир

Bookbox
4

Писател? Ако, нешто да се работи

Bookbox
5

Букбокс гледанка: „Враќањето“ (2024)

Гледанка
6

На 98 почина Дезмонд Морис, авторот на бестселерот „Голиот мајмун“

Bookbox
7

Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“ од 23-29 април

8

„Злобниот близнак“ на плацебото - подемот на ноцебо ефектот

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Оглас на денот: Стан во Ново Лисиче

Македонштина

Гледајте да не го изнервирате Јетон со ценкање

Балканштина

Риба во Албанија, две полувремиња

Македонштина

Тажен школски двор среде Скопје

Македонштина

Северна ја снемува, буква по буква

Македонштина

Омилено дело - Капитал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Бев страшно лоша курва

Врвна педагогија

Ноќеска во Чаршија

За повеќе мисли, следете ме

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy