Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“ од 23-29 април

22 April 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Отвори прозорец кон нови светови“ е слоганот на 38. издание на Саемот на книгата, кој и оваа година ќе се одржи во Aрената Борис Трајковски во Скопје, во периодот од 23 до 29 април (четврток до среда).
  • Издавачката куќа „Арс Ламина“ го најави ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април. Преку издавачката куќа „Сакам книги” доаѓа и италијанската писателка Виола Ардоне – авторка на популарната книга „Возот за деца“ која веќе доби и своја Нетфликс адаптација. На штандот на издавачки центар ТРИ ќе гостува Хајс Вилбринк, автор од Холандија. На штандот на Антолог најавено е гостување на авторката Ирса Сигурдардотир од Исланд, препознатлива авторка на трилери. Чешкиот писател Јиржи Хајичек е специјален гостин на „Славика либрис“. На саемот ќе бидат присутни над 30 издавачи од соседна Србија, а за истакнување е и најголемиот издавач Лагуна.
  • Програма на промоции по штандови тука
    Промоции во Промотивниот центар на Саемот тука
извор

Уметница, етнологинка - дискусија за феминитивите во Лабораториум

3 June 2026
  • Share
  • Post
  • Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
  • Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
  • На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
извор

Сите наградени на Кан 2026

23 May 2026
  • Share
  • Post
  • Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
  • Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
  • Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
  • Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.
     
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Почина Рик Аделман, човекот кој не веруваше дека Дражен Петровиќ е Ол-стар кошаркар

2

Во Германија затворија 65.000 дуќанчиња

Бизнис
3

ЕУ на 15 јуни отвора преговори за членство на Украина и Молдавија

4

Во Хрватска уапсена македонска кирилична тројка

5

Вучиќ на оглас за работа во ЈП Лајка

Балканштина
6

Ако иднината се електричните коли, лидерот е - Етиопија

Свет
7

Доаѓа нафтена криза

Свет
8

Пиеме палмино млеко во прав

Македонски рулет
1

Убав е шопингот во Солун, ама колку знаеме за неговата урбана историја?

Bookbox
2

Зошто има 60 минути во еден час?

Bookbox
3

Можеме ли ние да имаме еден Атенборо?

Bookbox
4

На 104 почина Едгар Морен, мислителот кој се спротивставуваше на едноставните одговори

Bookbox
5

Колапс на планетата до 2040?: предвидувањата на Ем-ај-ти од 1973

Bookbox
6

Кога Римјаните победиле поради - ранци

Bookbox
7

Букбокс гледанка: „Поет“ (2025)

Гледанка
8

Сите наградени на Кан 2026

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Стара бугарска: Дължим въздуха на Руснаците

Балканштина

Вучиќ на оглас за работа во ЈП Лајка

Македонштина

Скопје, европска престолнина на хуморот

Балканштина

Некој да ни види дали ќе одиме?

Разно

„Свадба е голема“, масовно во Измир

Македонштина

Живнаа улиците асфалтирани во кампања

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Предлог за скопски маратон

Извинете ако рушиме идила

И вљубеноста има факти

Жив е!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy