Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

„Слики на вкусот“ - повик за млади уметници

31 March 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Проектот „Сликите на вкусот“ објавува отворен повик за млади уметници и фотографи на возраст од 18 до 35 години од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија. Тој не бара само естетски фотографии од храна, туку визуелни приказни за ритуалите: месење леб, одење на пазар, семејни трпезарии и традиционално производство на вино и ракија. Целта е преку објективот да се документираат односите што се градат околу заедничката трпеза. 
  • Финалните трудови ќе бидат претставени на голема регионална изложба во Скадар, Албанија, во мај 2026, каде што македонските учесници ќе ги изложат своите дела заедно со врсниците од регионот – соопшти Mеѓународниот фестивал на алтернативна фотографија. Локален партнер одговорен за спроведување на проектот во Македонија е Фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“.
  • Избраните учесници ќе имаат можност да ги развиваат своите концепти под директно менторство на Сашо Алушевски (Македонија) и Звездан Манчиќ (Србија). Програмата ќе се реализира во април и мај преку хибриден модел на осум работилници, кои вклучуваат работа на терен, индивидуални сесии и онлајн-менторство.
  • Повикот е отворен до 10 април 2026. Заинтересираните може да аплицираат со фотосерија, есеј или со архивски материјали или со проектна идеја/концепт, кој допрва би го развивале. Апликацијата треба да содржи кратка биографија, опис на концептот и до 15 фотографии. Предлозите се испраќаат на photofestgrain@gmail.com.
извор

Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“ од 23-29 април

22 April 2026
  • Share
  • Post
  • „Отвори прозорец кон нови светови“ е слоганот на 38. издание на Саемот на книгата, кој и оваа година ќе се одржи во Aрената Борис Трајковски во Скопје, во периодот од 23 до 29 април (четврток до среда).
  • Издавачката куќа „Арс Ламина“ го најави ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април. Преку издавачката куќа „Сакам книги” доаѓа и италијанската писателка Виола Ардоне – авторка на популарната книга „Возот за деца“ која веќе доби и своја Нетфликс адаптација. На штандот на издавачки центар ТРИ ќе гостува Хајс Вилбринк, автор од Холандија. На штандот на Антолог најавено е гостување на авторката Ирса Сигурдардотир од Исланд, препознатлива авторка на трилери. Чешкиот писател Јиржи Хајичек е специјален гостин на „Славика либрис“. На саемот ќе бидат присутни над 30 издавачи од соседна Србија, а за истакнување е и најголемиот издавач Лагуна.
  • Програма на промоции по штандови тука
    Промоции во Промотивниот центар на Саемот тука
извор

Изложба: етнолошки мотиви во колекцијата на Националната галерија

14 April 2026
  • Share
  • Post
  • Во Чифте амам во Старата скопска чаршија в четврток, на 16 април во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“. 
  • Станува збор за проект што ги поврзува етнологијата и ликовната уметност, преку толкување на етнографските елементи во дела создадени кон крајот на 19 и во првата половина на 20 век.
  • На изложбата ќе бидат претставени вкупно 52 дела од колекцијата на Националната галерија, меѓу кои и дела што не биле често изложувани пред пошироката јавност. Според најавата, станува збор за творби од истакнати македонски и балкански автори, инспирирани од животот во Македонија во поинакви историски и општествени времиња. Автор на изложбата е Александар Ристевски, а соработник и автор на текстот во каталогот е м-р Владимир Таневски. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Јурииииш, одиме во финале после 28 години

Навивачи
2

Тажен школски двор среде Скопје

Македонштина
3

Со она од што паметниот се срами...

Македонски рулет
4

Северна ја снемува, буква по буква

Македонштина
5

Кога Први мај ќе се падне на втори

Балканштина
6

Усул, луѓе, усул

Медиуми
7

Летните тераси повторно крадат јавен простор

8

ЕУ-Маѓар: Прво па ЛГБТ!

Свет
1

Ај нафта, ама што значи ако снема хелиум?

Bookbox
2

Букбокс гледанка: „ДТФ Ст. Луис“ (серија, ХБО, 2026)

Bookbox
3

Замислете сите голи слепи кучиња да живеат во мир

Bookbox
4

Писател? Ако, нешто да се работи

Bookbox
5

Букбокс гледанка: „Враќањето“ (2024)

Гледанка
6

Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“ од 23-29 април

7

На 98 почина Дезмонд Морис, авторот на бестселерот „Голиот мајмун“

Bookbox
8

„Злобниот близнак“ на плацебото - подемот на ноцебо ефектот

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Оглас на денот: Стан во Ново Лисиче

Македонштина

Гледајте да не го изнервирате Јетон со ценкање

Балканштина

Риба во Албанија, две полувремиња

Македонштина

Тажен школски двор среде Скопје

Македонштина

Северна ја снемува, буква по буква

Македонштина

Омилено дело - Капитал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

(Тука наслов) !!!!

Зошто Доналд Трамп е опасен?

Ќе успеете ли да го дочитате текстов без да почнете друг?

Bitch Slap на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy